Одделение за хемикалии и индустриски несреќи

Departementi
Одделението за хемикалии и индустриски несреќи се занимава со две области поврзани со контролата на опасните хемикалии
Одделение за хемикалии и индустриски несреќи

Одделението за хемикалии и индустриски несреќи се занимава со две области поврзани со контролата на опасните хемикалии:

  • Управување со одредени групи на хемикалии, и
  • Спречување на хаварии со присуство на опасни супстанции.

Во смисла со управувањето со хемикалиите Одделението се занимава со изработка на мислења по барања за увоз/извоз на одредени хемикалии, како и опрема која содржи опасни хемикалии. Исто така, Одделението работи на управувањето со одредени групи на хемикалии (супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка, перзистентни органски загадувачи, жива) започнувајќи од подготовка на стратешки документи до конкретни акции за мониторинг, контрола, редукција и елиминација на овие групи на хемикалии.

Спречувањето на хаварии со присуство на опасни супстанции се однесува на имплементација на Поглавјето XV од Законот за животна средина. Одделението врши работни задачи врз основа на конкретни упатства и насоки кои се однесуваат на подготвителните работи од доменот на спречување на хавариите. Во оваа смисла Одделението врши евиденција на инсталациите кои работат со одредени количества на хемикалии, се ажурира базата на податоци на инсталации/системи кои складираат/аплицираат опасни супстанции.

Покрај ова, Одделението ги прави сите подготовки (Прирачник за подготовка на извештај за мерки за безбедност, Водич за подготовка и инспекција на извештајотмерки за безбедност со систем на листи за проверка) за непречена евалуација и инспектирање на клучните документи поврзани со превенција на индустриските несреќи кои инволвираат опасни супстанции.
 

Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30