Листа на обврски-одговорности:
- Соработува со другите раководни административни службеници од институцијата и со раководните административни службеници на соодветно ниво од други органи, за прашања од делокругот на организационата единица со која раководи;
- Раководи со работата на одделението, ја организира и насочува работата во имплементација на законските одредби во делот кој го опфаќа процесот на интегрирано спречување и контрола на загадувањето, а при тоа го организира и следи остварувањето на програмските задачи и активности од оваа област особено во запазување на законските рокови;
- Дава стручен придонес во разгледувањето на барањата за интегрирани еколошки дозволи или дозволи за усогласување со оперативен план,
- Дава стручен придонес при изготвување на интегрираните еколошки дозволи или дозволи за усогласување со оперативен план;
- Соработува со други државни органи, ЕЛС, научни и стручни институции, невладини организации од земјата и странство, го координира спроведувањето на процедурите во доменот на информирање на јавноста при процесот за спроведување на процедурата за ИСКЗ, како и учествува во постапката за идавање на А-ИЕД дозволите;
- Врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите и задачите од одделението, ја организира работата и предлага концепти на заклучоците на работните тела, подготвува и предлага план за работа на одделението и се грижи за реализирање на планот за работа, ја координира, обединува и насочува работата во одделението. Учествува во одлучувањето за спроведувањето на конкретните одлуки за работите кои се вршат во одделението и дава препораки за нивна имплементација;
- Остварува редовни контакти со другите раководители на одделенија во секторот и разменува информации и искуства. Изготвува годишна програма и план за работата на одделението;
- Донесува предмети во управна постапка