Одделение за сметководство и плаќање

Departementi
Сметководствено евидентирање за извршување на буџетот/финансискиот план и подготвувањето на годишна сметка
Одделение за сметководство и плаќање

Сметководствено евидентирање за извршување на буџетот/финансискиот план и подготвувањето на годишна сметка, евидентирање на основните средства на субјектот, евидентирање и наплата на побрувањата и плаќање на доспеаните обврски.

Опис на дејноста и обврските на одделението

  • сметководствено евидентирање на основните средства на субјектот, евидентирање и наплата на побарувањата и евидентирање и плаќање на достасаните обврски;
  • буџетското и финансиското известување;
  • заштита на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билнсот на состојба;
  • изготвување на годишни, квартални и месечни финансиски планови за буџетот на субјектот и неговите органи во состави и единки корисници согласно законските прописи;
  • ex ante сметководствена контрола на целокупната документација пред да се изврши плаќањето согласно пишаните процедури за сметководствените процеси;
  • следење и примена на законската регулатива од областа на сметководствено, материјално и финансиско работење;
  • секојдневно водење на благајнички работи и трезор;
  • пресметка и исплата на платите на вработените;
  • континуирано следење и грижа за доследна примена на законските прописи и на други подзаконски акти од областа на материјално – финансиското и книговодственото
     
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30