Одделение за буџетска координација

Departementi
Одделението за буџетска координација го координира процесот за подготвување и изменување и доплонување на буџетот и стратешкиот план на министерството
Одделение за буџетска координација

Основна надлежност на одделението за буџетска координација е подготовка на Предлог буџетот на министерството во целина и негово доставување до Министерство за финансии.
Во рамките на одделението се вршат и други позначајни работи кои се однесуваат на:

  • координирање на процесот за подготвување и изменување и дополнување на буџетот и стратешкиот план на министерството;
  • координирање на процесот на развој, воспоставување, спроведување и одржување на финансиското управување и контрола;
  • давање предлози за воспоставување/укинување на еx ante финансиска контрола со вршење на проценка на ризик и ажурирање на процедурите за работните процеси од областа на финансиското управување и контрола;
  • задолжително дава мислења по предлог актите што ги изготвуваат другите организациони единици во министерството;
  • изготвување план за воспоставување на финансиското управување и контрола;
  • следење и примена на законската регулатива од областа на буџетското работење;
  • подготовка на извештај за реализирани програми, проекти и договори;
  • подготовка на извештај за активностите за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола;
  • вршење на самопроценки на одделни процеси на системот на финансиско управување и контрола;
  • Подготовка на Годишниот финансиски извештај од член (47) од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола и
  • Подготовка на фискална стратегија за среднорочен период од три години со која се предлагаат насоките и целите на фискалната политика и се утврдуваат износите за главните категории на проценетите приходи и одобрените средства;
  • дава мислења, информации и извештаи по програми, одлуки и материјали во врска со Буџетот и буџетската политика;
  • Подготвува барања за прераспределби и проширувања на буџетот согласно начелата на економичност и ефективност;
  • ја следи и контролира исплатата на платите;
  • врши прибирање, евиденција и објавување на пријавените податоци од страна на субјектите за преземените, а недоспеани и доспеани, а неплатени обврски на субјектите (ЕСПЕО);
  • врши и други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи
     
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30