Departementi
Развивање на политики за заштита, зачувување и унапредување на природата, координирање и спроведување на политиките преку програми за работа согласно националната легислатива за заштита на природата

Дејност и обврски на одделението:
Организирање на процесот за заштита и управување со природното наследство, остварување на програмските задачи и активности за заштита на природното наследство, обезбедување на стручна помош за стручни мислења кои се однесуваат за заштита на природата, прогласување на нови и репрогласување на постоечките заштитени подрачја, водење на катастер и регистер за природно наследство, соработка со релевантни државни органи, субјекти за управување со заштитени подрачја и невладини организации од областа на заштита на природата, спроведување на националната и меѓународната легислатива за заштита на природата, идентификација и селекција на подрачја за вклучување во Европската еколошка мрежа Натура 2000 и друго.
Смиљка Тенева

Udhëheqës i Departement
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30