Skip to main content
Раководител на ОАИ - обврски
-
-
Раководител на ОА...
-
Раководител на ОАИ - обврски
Раководител на ОАИ - обврски
- Подготвување стручни материјали, документи и законски акти кои содржат: предлог-план за работа на одделението, извештај за напредокот во спроведувањето на програмата за работа на одделението, подготвување посложени стручни мислења за одделни прашања од делокругот на работите на одделението, координација и учество во работата за изготвување индикатори за животна средина на Република Македонија, учество во работните групи за усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, координација и учество во собирање, обработка, анализа, прикажување и известување на податоците и информациите од медиумите и областите на животната средина, изготвување на дневни, месечни, годишни и четири годишни извештаи за состојбата и трендовите во животната средина, иницијативи за решавање на одделни прашања и проблеми од делокруг на одделението, иницијатива и учество во подготовка на законски акти од делокругот на одделението.
- Директна соработка со другите раководители на одделенија во секторот, како и со помошник раководителот на сектор и раководителот на секторот, за прашања од делокруг на секторот. Исто така соработка со други органи на управата, со меѓународни и домашни институции, со преставници од компании и други научни институции и ги следење на активностите и учество во работните групи на Европската агенција за животна средина и останатите меѓународни институции.
- Учество во работата на тековните проекти кои се спроведуваат во Министерството, подготовката на буџетот на одделението и секторот, стратешко планирање на Министерството и тековни преписки за работи определени од раководителот на секторот.
- Следење на стручниот и научниот напредок во областа на национално и меѓународно ниво и го примена во работата.
sfy39587stp18