Одделение за усогласување со правото и преговори

Departementi
Спроведување на активности за координација на процесот на ЕУ интеграција
Одделение за усогласување со правото и преговори

Спроведување на активности за координација на процесот на ЕУ интеграција, вклучително и преговори за членство на РСМ во ЕУ во областа на животната средина и климатските промени. 

Опис на дејноста и обврските на одделението

  • следење и координација на процесот на европска интеграција, вклучувајќи го и процесот на преговарање за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија од областа на животната средина, односно за поглавјето 27 животна средина и климатски промени,
  • ја координира работата на Работната Група 27 за подготовка на преговарачки позиции за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европска Унија за поглавјето 27 за животна средина и климатски промени,
  • координација на процесот на изготвување, имплементација и следење на реализацијата на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА),
  • го координира и учествува во процесот на подготовка на Придонесот на Република Северна Македонија  кон  годишниот извештај на Европската комисија за поглавјето 27 животна средина и климатски промени,
  • го координира и учествува во процесот на подготовка на извештај и други документи за Поткомитет за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој помеѓу ЕУ и РСМ и за Комитетот за стабилизација и асоцијација,
  • учествува во подготовката на други документи и извештаи како поддршка на процесот на европска интеграција, за прашањата во надлежност на министерството и Поглавјето 27 животна средина и климатски промени,
  • обезбедува административна поддршка за работите од областа на животната средина во Работниот комитет и Поткомитет за европска интеграција при Владата на РСМ,
  • соработува и ги координира работите со поврзани со процесот на евроинтеграции со другите надлежни институции,
  • координација и учество во процесот на хармонизирање на националното законодавство со правото на ЕУ (acquis communitaire) за Поглавјето 27 - животна средина и климатски промени, 
  • следи, проучува и анализира  правото на ЕУ за животна средина и климатски промени,
  • учествува во подготовка и пишување на националното законодавство и други акти во кое се транспонира европското законодавство, како и во изработката на стратешките документи кои се во надлежност на министерството, како и членува во меѓуминистерски работни групи,
  • креирање на политики и координација на активности поврзани со ЕУ интеграцијата, како и градењето на потребните институционални и административни капацитети и исполнувањето на приоритетите и критериумите за интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ. 
     
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30