Известување до јавноста

Kumtesat
Пожар во зградата на поранешна Комерцијална банка
Пожар во зградата на поранешна Комерцијална банка
10.09.2020
Во пожарот кој денеска изутрина избувна на првиот кат во зградата на поранешна Комерцијална банка, каде се сместени просториите на Државниот инспекторат за животна средина, нема повредени лица.

Според првичните информации добиени од Инспекторатот, причинета е материјална штета во три нивни канцеларии.

На истиот спрат се наоѓаат канцелариите на Одделението за комуникација со јавност при Министерството за животна средина и просторно планирање. Во моментот на избувнување на пожарот, пред 07.00 часот, ниту еден од вработените не бил присутен во тие канцеларии. За утврдување на евентуална материјална штета во овие простории, ќе се формира комисија во рамки на Министерството.

Во тек е увидот од страна на Министерството за внатрешни работи, со кој ќе се утврди причината за пожарот.

Submitted by alfa4 on 10.03.2020 - 10:00