Исклучување на мониторинг системот во Велес

Kumtesat
поради реконструкција на улица за заштита на инструментите од прекумерните концентрации на прашина истите ќе бидат исклучени до завршувањето на градежните работи
Исклучување на мониторинг системот во Велес
03.04.2023
Поради реконструкција на дел од улицата Благој Ѓорев која што се наоѓа во непосредна близина на мониторинг станицата во Велес – Велес 2 поставена во дворот на детската градинка Димче Мирчев во населба Тунел

се појавуваат високи концентрации на суспендирани честички со големина до 10 и 2.5 микрометри (РМ10 и РМ2,5) во околината на станицата.

Бидејќи изворот на загадување е премногу блиску до станицата, измерените концентрации не ја даваат релевантната слика за квалитетот на воздухот во општина Велес. Поради тоа и поради заштита на инструментите од прекумерните концентрации на прашина истите ќе бидат исклучени до завршувањето на градежните работи.

Ги известуваме граѓаните на општина Велес кои што живеат и се движат во непосредна близина на локацијата каде што се одвиваат градежни активности дека до завршувањето на градежните работи можна е појава на повисоки концентрации и да преземат мерки на лична заштита. Се препорачува на општина Велес да преземе акција за побрзо да се заврши реконструкцијата на улицата, а во меѓувреме да го задолжи изведувачот почесто да ја прска улицата со цел истата да биде постојано во влажна состојба. 

Submitted by alfa4 on 03.04.2023 - 10:00