Презентирани секторските студии

Lajme
Презентирани секторските студии за изработка на Просторниот план на Република Северна Македонија 2021-2040
Просторен план на Република Северна Македонија
12.02.2024
Изработката на Просторен план на Република Северна Македонија 2021- 2040, како највисока национална стратегија за долгорочен севкупен развој, се наоѓа во фаза на изготвување на документациска основа, која опфаќа изработка на студии од повеќе области

Консултациите со граѓанските организации, академската заедница, граѓаните, општините, претставници на националните институции, младите луѓе и меѓународни тимови од експерти, при изработката на Просторниот план на Република Северна Македонија 2021- 2040 како стратешки документ, ни овозможува, сите заедно, да ја креираме визијата за развој на нашата држава за наредните 20 години

- истакна заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска во воденото обраќање на денешната работилница на која беа презентирани секторските студии во рамки на изработката на новиот Просторниот план на државата.

 

 

1
2
2021-2040
Просторен план на РСМ
Изработката на Просторен план на Република Северна Македонија 2021- 2040, како највисока национална стратегија за долгорочен севкупен развој, се наоѓа во фаза на изготвување на документациска основа, која опфаќа изработка на студии од повеќе области.

Согласно Методологијата за изработка на Просторниот план, се предвидува изготвување на студии од 20 различни области, од кои веќе се изготвени 16. Покрај презентацијата на секторските студии, во присуството на сите работни тимови ќе се дискутира за нивните цели, плански решенија и мерки и активности за полесно согледување на специфичните аспекти на секоја област и изнаоѓање на најсоодветни решенија за користење и заштита на просторот во државата.

Галерија
Submitted by almin on 12.02.2024 - 10:00