Раководи и го координира секторот во имплементација на законските одредби од Законот за отпад и сродните закони од делот на управување со отпад, Националниот план за управување со отпад, Стратегијата за управување со отпад како и подзаконските акти кои произлегуваат од нив во делот кој го опфаќа процесот на управување со отпад и посебните текови на отпад.
Го организира и го следи остварувањето на програмските задачи и активности во овие области, дава стручна помош за одделни прашања од делокругот на работите на секторот, соработува и ја координира соработката со другите организациони облици во министерството, со државните органи, со научните и стручните институции.
Го организира и го следи остварувањето на програмските задачи и активности од проектите за управување со отпад финасирани од ЕУ, банки и други извори.
Раководител на СО - обврски
- Изготвува мислења за ставови на министерството за допспеани информации до Владата на РСМ
- Подготовка на материјали и документи за поткомитетот за животна средина, транспорт и енергетика и одговорна на работна група за управување со отпад за НПАА, поглавје животна средина и процесот за скрининг во областа на управување со отпадот.
- Подготовка на проектни здачи за ИПА проекти за наредната фаза (ИПА3)
- Соработка со државни советници и други раководители на сектори во органот, соработка со други владини институции и стопанскиот сектор, учество во работните тела на Собрание и Влада на Р.Македонија, со посебно овластување, соработка со Стопанските Комори и бизнис заедницата.
- Одговорно лице за реализирање на активностите во рамки на проектот за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во Полошки, вардарски, Пелагониски, Југозападен и Југоисточен регион (ЕБОР кредит).
- Имплементација на ИПА проекти за регионално управување со отпад за Источниот и Североисточниот плански регион
Родена на 25.12.1971 година во Скопје, средно насочено училиште „Никола Карев“ – Скопје
разведена, мајка на две деца