Воздух
Регулатива
Правен механизам кој ги поставува стандардите и мерките за контрола и намалување на загадувањето на воздухот. Ова вклучува препознавање и регулирање на емисиите од индустријата, сообраќајот и други извори на загадување
Во следните години подготвени и усвоени се четири дополнувања и измени кон истиот (Сл. Весник на РМ бр.92/07, 83/09, 35/10, 47/11) со цел усоглсување со ЕУ законадавството за воздух, а особено со Директивата за чист воздух во Европа (Директивата CAFE) која беше усвоена од Европскиот парламент во 2008 година.
Законот за квалитет на амбиентен воздух дава правен основ за регулирање на:
- видовите на извори на загадување;
- единствени гранични, целни вредности, праговите на информирање и алармирање;
- управувањето со квалитет на амбиентниот воздух;
- оценувањето на квалитетот на амбиентниот воздух;
- планирањето на заштитата на квалитетот на амбиентниот воздух;
- мониторингoт на квалитетот на амбиентниот воздух и на изворите на емисија;
- информативен систем;
- заштита од загадување на амбиентниот воздух;
- надзор и надлежни тела;