Отпад
Регулатива
Во Република Македонија постојат повеќе закони кои покриваат и решаваат одредени проблематики и прашања поврзани со отпадот. Дел од тие закони кои се во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање
- Законот за животна средина
- Закон за управување со отпад
- Базелската Конвенција во врска со контролата врз прекуграничните загадувања со опасен отпад и негово депонирање/Basel Convention on the Control of Transboundary movements of Hazardous wastes and Their Disposal. Конвенцијата е ратификувана со Закон за ратификација објавен во (Службен весник на Р.М. 49/97)
- Амандман на Базелската Конвенција во врска со контролата врз прекуграничните загадувања со опасен отпад и негово депонирање и Амандман на АнексⅠ АнексⅧ и АнексⅨ/ Amendment to the basel Convention on the Control of Transboundary Movements of Hazardous Wastes and Their Disposal. Амандманите се ратификувани со Закон за ратификација (Службен весник на Р.М. бр. 49/04)
- Стратегија за управување со отпад на Република Македонија (2008-2020) година (Службен весник на Р.М. бр. 39/08)
- Национална стратегија за одржлив развој во Република Македонија (2009-2030)
- Закон за управување со пакување и отпад од пакување
- Закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори
- Управување со електрична и електронска опрема
- Закон за управување со дополнителни текови на отпад
- Закон за проширена одговорност на производителите за управување со посебните текови на отпад