Mbeturina

Përdorimi efikas i burimeve dhe mbetjeve
Përdorimi efikas i burimeve dhe mbetjeve
Problemet globale mjedisore me të cilat përballemi sot janë kryesisht rezultat i mbishfrytëzimit njerëzor të burimeve natyrore, duke përfshirë lëndët djegëse (fosile), mineralet, ujin, tokën dhe biodiversitetin.

Станува сè појасно дека преовладувачкиот европски модел на економски развој – заснован на голема употреба на ресурси, создавање отпад и загадување – не може да се одржи на долг рок. Многу од ресурсите се користат само за краток временски период, или тие се губат за економијата преку депонирање или намалување на квалитетот за време на операциите за обновување.

Во последниве години воведениот концептот на циркуларна економија и поврзаните политики треба да се справуваа со користењето на ресурсите, производството, потрошувачката и отпадот на повисоко ниво. Овој концепт има за цел да ги затвори материјалните загуби со одржување на вредноста на производите, материјалите и ресурсите во економијата што е можно подолго. Ова ефикасно го намалува создавањето на отпад и употребата на нечист материјал.

Користењето на ресурсите, како и создавањето и третманот на отпадот резултира со значителни еколошки притисоци за време на фазите на екстракција, производство, употреба и крај на животниот век на производот. Целите на политиката за животна средина вклучуваат намалување на количината на материјали што се користат во економијата, подобрување на ефикасноста на ресурсите, намалување на создавањето отпад и претворање на отпадот во ресурс. Спречувањето на отпадот и управувањето со отпадот е еден клучен аспект на циркуларната економија.Ефикасноста на ресурсите е од суштинско значење ако сакаме да го одвоиме економскиот развој од деградацијата на животната средина. Ресурсите на Земјата се ограничени и нивното извлекување генерира влијанија врз животната средина и климата.Нивното поефикасно користење помага да се минимизираат овие влијанија. На тој начин, ефикасноста на ресурсите е еден од основните елементи неопходни за создавање кружна, позелена економија во Европа, како и поодржливи модели на производство и потрошувачка.

Законските регулативи во однос на управување со отпадот во нашата земја се насочени кон промоција на кружна економија преку екстракција на квалитетни ресурси од отпадот колку што е можно повеќе. Понатаму и политиката на Зелената агенда за западен Балкан се потпира на неколку столбови, насочени воглавно на реформи во регионот за да се усогласиме со амбициите на Европскиот зелен договор (European Green Deal), преку економскиот и инвестициски план на Европската Унија. Европскиот зелен договор има за цел да го промовира растот преку транзиција кон модерна, ефикасна во однос на ресурсите и конкурентна економија.

Законот за управување со отпад дава легитимна рамка за третирање и управување со отпадот. Истиот го внесува концептот на хиерархија при управување на отпадот. Хиерархијата што обично се усвојува е минимизирање/намалување на отпадот на изворот, рециклирање, преработка на отпадот (со обновување на ресурсите, т.е. материјали (производи) и енергија), трансформација на отпадот (без враќање на ресурсите) и депонирање на земјиште.За одредени категории на отпадот се неопходни специфични приоди. Затоа, покрај сеопфатниот Закон за управување со отпад, во Република Северна Македонија има и многу други закони за справување со различни видови отпад. Зелената агенда го обврзува Западен Балкан да се движи кон циркуларна економија преку подобрување на управувањето со отпадот; зголемување на продуктивноста на ресурсите; воспоставување иновативни и поефикасни начини на производство и потрошувачка и воведување циркуларност во деловните модели.

Законските регулативи за отпад има за цел да ја заштити животната средина и здравјето на луѓето и да помогне во транзицијата на земјата кон кружна економија. Тие поставуваат цели и се стремат кон:

  • подобрување на управувањето со отпадот,
  • стимулирање на иновациите во рециклирањето,
  • ограничување на депонирањето.

 

 

Отпад - Регулатива

Отпад
Регулатива
Во Република Македонија постојат повеќе закони кои покриваат и решаваат одредени проблематики и прашања поврзани со отпадот. Дел од тие закони кои се во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање

Отпад - Упатства

Отпад
Упатства
Документи кои ги објаснуваат стандардите, процедурите и мерките за управување со отпадот, вклучувајќи информации за третманот, сортирањето и одржувањето на одговорност, со цел да се обезбеди ефикасно и одржливо управување со отпадот

УПАТСТВО за водење на постапка за издавање на дозвола за колективен постапувач и за водење на постапка за одобрување или неодобрување на годишен извештај согласно со Законот за управување со пакување и отпад од пакување

Отпад - Решенија

Отпад
Решенија
Примена на технологии за рециклирање и преработка на отпадот, развивање на стратегии за намалување на отпадот на изворот, и усовршување на инфраструктурата за одржливо управување со отпадот

Отпад - Дозволи

Отпад
Дозволи
Одобрувања или лиценци издадени од надлежните институции, кои ги регулираат активностите поврзани со третманот, складирањето и одржувањето на одговорност за отпадот, во согланост со законските стандарди и прописи

Во контекст на циркуларната економија, управувањето со отпадот се фокусира на зачувување на вредноста и својствата на отпадните материјали преку доставување висококвалитетни секундарни суровини во економијата.

Отпадот се создава при човековите активностите и се гледа како неизбежен нус-продукт од економските активности (отпад кој се создава од неефикасните производствени процеси, од краткотрајноста на стоките и неодржливото консумирање на истите). Создавањето на отпадот укажува на губење на материја и енергија и наметнува трошоци на општеството и државата за собирање, третман и депонирање на отпадот гледан надвор од концептот на циркулаторна економија.

Отпадот е еден од главните еколошки проблеми во многу европски земји, па и во Република Северна Македонија земајќи го во предвид фактот дека количините на отпад постојано се зголемуваат.

Најголем дел од отпадот во Република Северна Македонија се депонира на легалните и илегалните-таканаречени диви депонии. Рециклирањето на отпадот во Република Македонија е малку застапено. Влијанието на депониите врз животната средина, а со тоа и врз здравјето на луѓето е големо поради тоа што се емитираат стакленичките гасови (метанот), органски микрополутанти (диоксини и фурани), испарливи тешки метали во воздухот и исцедокот од депониите кој се емитира во почвата и подземните води, а кој може да содржи токсични супстанции.

Значајни се иницијативите за промоција на процесите за намалување на количините на отпад, негово рециклирање и имплементирање на безбедни стандарди за депонирање на отпад.

Примарна цел во земјите во Европската Унија како и во Република Северна Македонија е да се воспостави силна врска помеѓу економскиот раст, користењето на природните ресурси и продукцијата на отпад, а со цел да се намали товарот врз животната средина.

 

Во Вториот Еколошки акционен план на Република Македонија се наведени одредени цели во врска со отпадот и тоа интегрирано управување со отпадот, ефикасна институционална и организациона поставеност и подобрена инфраструктура за управување со отпад.

Според законската регулатива за отпад во Република Северна Македонија приоритети при управување со отпад се следните:

  • Избегнување на создавање на отпадот и намалување на штетните влијанија на отпадот врз животната средина, животот и здравјето на луѓето,
  • Подобрување на производствените технологии со што се намалува создавањето на отпадот и употреба на еколошки продукти и помалку пакувања,
  • Рециклирање и повторна употреба на отпадот или во друг процес за екстракција на секундарни суровини, или да се користи како извор на енергија.


Главно создавањето на отпад доаѓа од производствените активности, од каменоломите и рудниците, од градежништвото, отпад од земјоделството и шумарството, комуналниот отпад итн.

Отпадот од производствените активности се состои главно од храна, дрво, хартија, хемикалии, неметални минерали, базични метали и друго. Производствените активности можат да имаат централна улога во редуцирањето на количината на генерираниот отпад со:

  • Инкорпорирање на анализите за животниот циклус во дизајнирањето и производството на стоки и сервисни услуги,
  • Промоција на одржливо користење на материјата и енергијата,
  • Елиминација или редуцирано користење на субстанциите и материјалите кои се опасни за здравјето на луѓето и животната средина.


Усвоена е Листа на видови на отпад.

 

 

Галерија