(13-14.03.2012) Во Испра, Италија, се одржа AQUILA работилницата во организација на Здружениот истражувачки центар (JRC) и Европската агенција за животна средина (ЕЕА). На оваа работилница, како претставник од Република Македонија учествуваше Љупчо Гроздановски, национален експерт за калибрација на држаниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух. На AQUILA работилницата, учесниците се запознаа со ажурираната ревизија на европските политики за квалитет на воздухот, потребите за податоци од мониторингот кои се користат за моделирање во однос на FAIRMODE и други технични аспекти во однос на компаративните методи и вежби. Учеството на оваа работилница беше овозможено со помош на Европската агенција за животна средина – ЕЕА – и е од исклучителна важност во однос на техничка подготовка на националните експерти задолжени за одржување на автоматскиот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух.
Shpallje
14.03.2012