(22-23.04.2012 год.) Во Копенхаген, Данска, се одржа работилница на Работната група за известување за состојбата на животната средина во Европа, на која учествуваше Катерина Николовска, Национален референтен центар за соработка со Еворпската агенција за животна средина во однос на работната програма за оценување на состојбата и перспективата на животната средина во Европа (State of Environment Reporting). На првиот ден од состанокот на работната група, секоја земја поединечно го објаснила процесот и статусот за изготвените извештаи за состојбата на животната средина. Се одржала дискутирало за релевантните индикатори за животна средина и биле дадени насоки за воспоставување инвентар за изготвените извештаи на национално ниво SERIS (Заеднички информативен систем за извештаи за животна седенина на Европа). Се укажало на потребата од воспоставување на директна врска помеѓу Европските и националните извештаи за животна средина, употребата на индикаторите за животна средина при изработката на извештаите за животна средина, и карактеристиките на индикаторскиот извештај на ЕЕА. Како последна точка на дневниот ред, се поставиле насоките кои ќе бидат дадени на земјите за изработка на Извештајот за состојбата со животната средина на Европа - SOER 2015 - во однос на содржината, структурата и процесот на подготовка на извештајот, кој претставува клучен извештај на ЕЕА.
Shpallje
23.04.2012