Конференција за “Насочување на базите на податоци и форматите за размена на информации

Shpallje
21.09.2012

enpi(19-21.09.2012 год.) Во Скопје - Хотел Александар Палас, се одржа конференција со наслов “Насочување на базите на податоци и форматите за размена на информации”, организирана од страна на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, ја отвори конференција која е организирана во рамки на проектот “Кон заеднички информативен систем за животната средина во Европа (SEIS) и Европското соседство - ENPI-SEIS”, имплементиран од страна на Европската агенција за животна средина – ЕЕА. Учесниците кои беа поканети на оваа конференција доаѓаат од земјите на Европското соседство[1] и Русија, и се номинирани членови во Работната група за информациски технологии – формирана во рамки на ENPI-SEIS проектот. За Република Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање, оваа конференција беше можност да се пренесат искуствата од долгогодишната соработка со ЕЕА и успесите во информирањето за состојбата и перспективата на животната средина. -------------------------------------------------------------------------------- [1] Алжир, Египет, Израел, Јордан, Либан, Мароко, Палестина, Тунис, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина

Submitted by almin on 21.09.2012 - 08:24