Shpallje
04.12.2012
(03-04.12.2012) Во Копенхаген, Данска, се одржа тематската работилница “4th EIONET meeting of the National Reference Centers (NRC) for Environment and Health”, на која учествуваше Проф. Др. Драган Ѓорѓев, номиниран национален експерт од Република Македонија. Оваа работилница имаше за цел да информира околу планирањето за изработка на наративниот документ за поддршка за активностите на ЕЕА поврзани со животната средина и човековото здравје. На овој состанок, присутните експерти добија насоки за работата на ЕЕА во контекст на европските политики поврзани со човековото здравје и животната средина – со цел, ефикасен придонес кон идниот извештај за состојбата и перспективата на животната средина во Европа – SOER 2015.