Расположливи водни ресурси во земјите од Западен Балкан

Shpallje
11.01.2013

(10-11.01.2013) Во организација на European Environmental Agency - EEA/European Topic Centre on Inland, Coastal and Marine waters на 10-11 Јануари 2013 година во Скопје се одржа регионална работилница на тема ’’Известување за квантитет на води’’.

zapaden Цел на состанокот беше подобрување на известувањето кон ЕЕА во однос на квантитет на води (WISE –SoE State and Quantity of Water Resources) и презентирање на производите и услугите кои произлегуваат од оваа активност. Посебен акцент беше даден на расположливите количини на вода и зафатените количини на вода, потребни пресметување на експлоатациониот индекс на вода во земјите од Западен Балкан.

На работилницата учествуваа Аземине Шакири и Ивица Тасиќ од секторот Македонскиот информативен центар за животна средина, кој овозможи и логистичката и организациска поддршка за успешно реализирање на овој настан. На првиот ден од состанокот претставниците од Македонски информативен центар за животна средина, Управата за Хидрометеорлошки рабои и Државен Завод за Статистика, презентираа за достапност на податоци од облaста на квантитет на води. Додека на вториот ден се одржа обука на учесниците за користење на алатка (Water Quantity Tool) за известување до ЕЕА.

Submitted by almin on 11.01.2013 - 08:53