Трета годишна работилница “AirMon Tech”

Shpallje
06.03.2013

airmontech(04-06.03.2013 год.) Во Дуисбург – Германија, се одржа работилница за техники, технологии и мерења на квалитетот на воздухот во Европа “3rd AirMon Tech Workshop” – на која учествуваше Љупчо Гроздановски од Министерство за животна средина и просторно планирање, како експерт за одржување на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух.

Учеството на оваа експертска работилница беше овозможено од страна на Европската агенција за животна средина, во рамки на ИПА проектот за јакнење на капацитетите и поддршка на земјите од Западен Балкан за учество во редовните активности на Европската агенција за животна средина – ЕЕА. Работилницата беше посветена на современите техники за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух, мониторинг уредите, како и аспекти на моделирање со податоци за квалитетот на амбиенталниот воздух.
Submitted by almin on 06.03.2013 - 22:29