11-та заедничка работилница на EIONET и Работната група за емисиони инвентари и проекции

Shpallje
15.05.2013

tfeip(14-15.05.2013 год.) Во Истанбул, Република Турција се одржи 11та заедничка работилница на EIONET и Работната група за емисиони инвентари и проекции.b На состанкот од Македонскиот информативен центар за животна средина учествуваше м-р Александра Несторовска-Крстеска. На истиот беа презентирани деталите од ревидираниот Гетеборшки протокол и начините на барања на промена на емисиони плафони согласно одлуките на извршното тело на Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето.

Претставниците на CEIP како и лидерите на TFEIP ги презентираа новите темплејти за репортирање како и ажурираното ЕМЕП упатство кое се применува за подготовка на инвентарот на емисии во воздухот.

На панелот за проекции претставникот од IIASA ги презентираше проекциите за емисиите на основните загадувачки супстанци добиени со примена на регионалниот GAINS модел. Воедно беа дискутирани промените на EMEP упатството и планот за активности во областа проекции. Лидерите од сите панели дадоа краток осврт на промените во ЕМЕП упатството во секторите земјоделие, индустрија, сообраќај и проекции, а воедно ги прикажаа и идните краткорочни активности во наведените сектори.

Submitted by almin on 15.05.2013 - 22:54