Летна школа за изработка на Интегрирани проценки за животната средина 27-29.08.2013 година, Виена - Австрија

Shpallje
29.08.2013

Од 27 до 29.08.2013 година, Виена, во организација на Европската агенција за животна средина се одржа регионална Летна школа за градење на капацитетите на земјите од Западен Балкан, во насока на изработка на Интегрирани проценки за животната средина.

viena

Интегрираните проценки за животната средина претставуваат еден современ пристап во анализата на состојбата и перспективата на животната средина, овозможувајќи систематско следење на клучните фактори кои придонесуваат за промени на состојбата и квалитетот на животната средина. Со вклучувањето на клучните општествени категории и чинители (општествени, економски, политички, итн.) овој аналитички пристап овозможува еден интегриран приказ на тематските прашања и предизвици во фокус на анализата – со цел унапредување на процесите на носењето квалитетни одлуки и политики од страна на засегнатите страни и корисниците на овие анализи.

viena1

На оваа регионална работилница учествуваа Светлана Ѓорѓева, Катерина Николовска и Ристо Јордановски, претставници од Македонскиот информативен центар за животна средина. Резултатите од учеството на летната школа како и добиените знаења и ресурси во однос на Интегрираните проценки за животната средина, во иднина ќе овозможат современ и ефикасен пристап во изготвувањето на извештаи за состојбата и перспективата на животната средина во Република Македонија.

Submitted by almin on 29.08.2013 - 23:01