Работилница организирана од COST Action TD1105 проектот – Европска мрежа за нови технологии на сензори за контрола на аеро загадувањето и одржливост на животната средина – EuNetAir

Shpallje
04.10.2013

(03-04.10.2013 год.) Во периодот од 03.10.2013 до 04.10.2013 година, во Европската агенција за животна средина (EEA) во Копенхаген, Данска, се одржа работилница организирана од COST Action TD1105 проектот – Европска мрежа за нови технологии на сензори за контрола на аеро загадувањето и одржливост на животната средина – EuNetAir.

cost2

COST Action TD1105 – Европска мрежа за нови технологии на сензори за контрола на аеро загадувањето и одржливост на животната средина – EuNetAir, претставува систем од активни мрежи за мониторинг на аеро загадувањето во Европа, финансиски од поддржана од Европската соработка во полето на научните и техичките истражувања (European Cooperation in the field of Scientific and Technical Research - COST) во периодот од 2012 до 2016 година. Главните цели на COST е да се развијат нови технологии на сензори за контрола на квалитетот на воздухот во интегрирани и мултидисциплинарни нивоа со координирани истражувања во областа на наноматеријалите, сензорските системи, моделирањето на квалитетот на воздухот и стандардните мерни методи за одржливост на животната средина. Оваа интернационална мрежа вклучува 75 големи институции од 25 земји.

На состанокот се извршија презентации од различни земји од Европа во врска со мерењата кои се вршат во областа на Европските проекти за мониторинг на воздухот, Гас сензорските системи, Суспендираните честички и новите метрички технологии за мониторинг на воздухот. Се презентираа и нови сензори и нестандардизирани мерни методи и применливи технологии за контрола на загадувањето на амбиентниот воздух, проценка на влијанието на загадувањето врз здравјето на луѓето, различни модели за моделирање на загадувањето на амбиентниот воздух, како и одредување на критериуми и процедури за тестирање на мерни инструменти и микросензори.

cost1

На состанокот се дискутираше за направените студии за одредени реални случаи и критични жешки точки во медитеранките земји, како и во централните, источните и југоисточните европски земји со цел да се обезбеди хармонизација на мерењата, размена на искуствата за најдобрите техники на мерење, методите на мерење и протоколите.

На работилницата беа изведени околу 60 презентации од претставници на различни земји од Европската Унија, меѓу кои и две презентации од Република Македонија.

На првата презентација, презентирана од страна на Игор Атанасов, советник за одржување и сервисирање на опремата од ДАМСКАВ, се направи преглед на Резултатите од извршените мерења на квалитетот на воздухот при спроведената едногодишна кампања на пасивно семплирање на VOC (Volatile Organic Compounds), односно испарливи органски соединенија (како што се бензен, толуен, етилбензен, етилтолуен, ксилен, параксилен, ортоксилен и т.н.) во амбиентниот воздух.

cost

Со втората презентација, презентирана од страна на Љупчо Гроздановски, советник за калибрација на опремата од ДАМСКАВ, се направи пресек на акутните епизоди на загадување со PM10 на амбиентниот воздух, причините за создавање на истите, со посебно потенцирање на Скопскиот регион во текот на зимскиот период, вклучувајќи ги активностите и мерките кои се превземаат за да се намали присуството на загадувачките супстанци во воздухот.

Submitted by almin on 04.10.2013 - 12:49