На 23 октомври 2013 година во зградата на Европската Агенција за Животна Средина во Копенхаген, Данска се одржа заедничкиот состанок нанационалните контакт лица за животна средина и здравје, и националните контакт лица за одржлива продукција и консумација на земјите членки и земјите соработнички на Европската Агенција за Животна Средина, а воорганизација на Европската Агенција за Животна Средина.Република Македонија како земја соработничка на Европската Агенција за Животна Средина со своите претставници, националното контакт лице за одржлива продукција и консумација и националното контакт лице за животна средина и здравје активно учествуваше на погоренаведената работилница.

На овој состанок националните претставници ги разгледуваа заедничките перспективи за намалување на притисокот од секојдневниот животен стил и работа врз животната средина и здравјето на луѓето. Се разгледуваа и можностите за синергии и поврзување на одржливата продукција и консумација и проблемите со животната средина и здравјето. Се дискутираше и за поврзаноста на Индикаторскиот извештај за 2013 година со природните богатства и добросостојбата на луѓето.