Во периодот од 02.06.2014 до 06.06.2014 година, во Лисабон, Португалија, се одржa регионален курс за идентификација и распределбата на уделот на изворите на суспендираните честички во воздухот во организација на Светската агенција за атомска енергија заедно со Владата на Португалија, Министерството за наука, технологија и високото образование и Нуклеарно-технолошкиот Институт од Лисабон, Поругалија.
На овој тренинг курс се даде вовед во напредните статистички алатки за идентификација на изворите на загадувањето на воздухот и како и за распределбата на нивниот придонес, врз основа на резултатите од карактеризација на составот на цврстите честички. Беше дадена кратка практична обука за употреба на хемиските статистички модели, начинот на работа со нив, како и потребните влезни податоци. На овој тренинг курс присуствуваше Анета Стефановска, раководител на одделението за мониторинг на квалитет на воздух од Македонскиот информативен центар за животна средина.