Shpallje
28.04.2015
Во периодот од 12 до 18 април 2015 година во Истанбул, Турција, се одржа состанок на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина (WGEMA) и Конференција на Регионалната информативна мрежа за животна средина (REIN) за подготовка на Извештајот GEO-6 во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE).
Првите три дена беа посветени на Конференцијата на Регионалната информативна мрежа за животна средина (REIN) за подготовка на Извештајот GEO-6. Од страна на претставниците на UNEP имаше неколку презентации кои се однесуваа на изработката на претстојниот глобален извештај GEO-6, останатите регионални извештаи и објаснување на пристапот до страната на UNEP Live, на која може да се најдат податоци за сите земји, вклучувајќи ја и Македонија. Цел на изготвување на извештаите е остварување на заеднички придобивки во областа на редовните оцени на животната средина.
На 16 и 17.04 се одржа состанокот на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина (WGEMA), на кој Катерина Николовска беше избрана за претседавач и член на бирото со мандат од една година.
- Главна тема за дискусија на состанокот беше развивање на заеднички информативен систем за животна средина (SEIS) во паневропскиот регион заснован на усвоените цели и индикатори за ефикасноста на активностите од страна на Комитетот на Економската комисија за Европа на ОН..
- Беа дефинирани приоритетните податоци кои треба да ги содржи SEIS-от за периодот до 2015 година и долгорочно до 2020.
- Врз основа на презентираниот предлог на претставниците на UNECE за внесувањето на податоците и проценката да се изработи специјална „алатка за известување“ која ќе ја користат сите земји,и ќе биде едноставна за користење.
- После консултација со сите учесници се договори дека неколку земји од различни региони како Австрија, Финска, Македонија, Ерменија, Казахстан и Туркменистан, ќе започнат со тест периодот на користење на „алатката за известување“.