Работен состанок на Националните референтни центри за Транспорт и Животна средина во Европската агенција за животна средина – ЕЕА

Shpallje
17.06.2015
eea1Работниот состанок се одржа во Копенхаген, Данска во просториите на Европската агенција за животна средина во периодот од 16.04.2015 до 17.04.2015 година. Целта на состанокот беше да се презентираат причините зошто е потребно да се прави евалуација на политиките кои се спроведуваат во Земјите членки во областа на транспортот во однос на подобрување на животната средина, како и ефектите на Европската регулатива која го пропишува тоа. Во склоп на состанокот беа организирани интерактивни работилници во три области: климатски промени, квалитет на воздух и биодиверзитет, со што секоја земја доби можност да ги сподели своите искуства во областа на донесување на стратегии и мерки кои имаат позитивен или негативен ефект и начинот на кој е направена евалуација на влијанието на тие мерки врз животната средина. Од наша страна беа презентирани стратешките мерки во областа на транспортот кои се дел од постоечката Стратегија за транспорти нацрт верзијата на акциониот план во склоп на претстојната Стратегија за животна средина и здравје. Во склоп на состанокот беа презентирани и случаи на различни земји кои имаат успешни приказни за спроведување на политики и стратешки мерки кои извршиле влијание врз намалување на штетните емиисии од сообраќајот врз животната средина, како на пример: воведување на паричен надомест за сите возила кои влегуваат во централната зона на градот, или паричен надоместок за секој километар кој товарните возила го поминуваат во градските средини итн. На состанокот од од Министертсво за животна средина и просторно планирање присуствуваше Мартина Спасовска, Советник за моделирање и предвидување со симулација.  
Submitted by almin on 17.06.2015 - 12:21