Прва заедничка сесија на управното тело на ЕМЕП и работната група за ефекти, за Конвенцијата за прекураничен пренос на загадувачките супстанци во воздухот

Shpallje
02.10.2015
lrtapВо период од 14-18 септември 2015 година во Женева, Швајцарија во седиштето на Обединетите нации се одржaпрва заедничка сесија на управното тело на ЕМЕП и работната група за ефекти. Состанокот беше организиран од Обединетите нации како надлежен орган на Конвенцијата за прекураничен пренос на загадувачките супстанци во воздухот (CLRTAP) и именуваните тела кои произлегуваат од неа. На состанокот беа презентирани резултатите постигнати од различните технички тела на конвенцијата: мерења и моделирање на концентрации на фотохемиски оксиданси, тешки метали, прашина и тешко разградливи органски соединенија на ниво на Европа. Исто така беше презентирана работа на работната група за емисиони инвентари и проекции. Воедно дел од земјите ги презентираа активностите кои ги преземаат за спроведување на Кооперативната програма за мониторинг и евалуација на прекуграничното аерозагадување. На состанокот се разгледуваше и состојбата со спроведување на активностите наведени во работниот план за период 2016-2017 година за ова работно тело. На овој состанок присуствуваше Анета Стефановска, раководител на одделението за мониторинг на квалитет на воздух од Македонскиот информативен центар за животна средина.    
Submitted by almin on 02.10.2015 - 12:57