Работен состанок на националните координатори за соработка со Еврoпската агенција за животна средина – ЕЕА

Shpallje
25.05.2016
Danska mart 2016Oд 29.02.2016 до 04.03.2016 година во Копенхаген, Данска, се одржа редовен работен состанок на националните координатори за соработка со Еврoпската агенција за животна средина – ЕЕА. На состанокот учествуваа Светлана Ѓорѓева, Национален координатор и Ристо Јордановски, Асистент координатор. Координаторите од Западен Балкан заедно со претставниците од ЕЕА, работеа на планирањето на активности во рамки на новиот IPA2 проект, со кој ќе се овозможи продолжување на учеството на земјите од Западен Балкан во редовните активности и повеќегодишната работна програма на Европската агенција за животна средина. Со започнувањето на овој нов IPA2 проект, ЕЕА продолжува со јакнење на институционалните капацитети на земјите од Западен Балкан и овозможува учество на националните експерти на редовните тематски работилници на ЕЕА. Во рамки на новиот IPA2 проект ќе бидат планирани и регионални работилници во земјите од Западен Балкан, наменети за унапредување на капацитетите во однос на исполнувањето на обврските за eReporting (електронското известување со податоците за квалитет на воздух, преку унифицирани системски формати за сите земји во Европа), работа со планови за управување со отпадот, биодиверзитетот, водите, и други тематски насоки во соработка со Европските тематски центри. Како дел од пленарните сесии беа опфатени активности кои се однесуваат на работните групи за унапредување и иновации во рамки на EIONET мрежата, резултатите и напредокот во рамките на работната група за ревизија на Приоритетниот проток на податоци кон ЕЕА, извештајот на Директорот на ЕЕА за напредокот на повеќегодишната работна програма на ЕЕА, како и други тематски активности.  
Submitted by almin on 25.05.2016 - 06:27