Регионална работилница за јакнење на капацитетите за изработка на извештаи за состојбата и перспективата на животната средина

Shpallje
08.06.2017
lubljanaВо периодот од 10-11.04.2017 година во Љубљана, Словенија, во организација на Европската агенцја за животна средина (ЕЕА) се одржа регионална работилница на тема „Јакнење на капацитетите за изработка на извештаи за состојбата и перспективата на животната средина„На состанокот учествуваа експерти од Тематскиот центар за води на Европската агенција за животна средина - ЕЕА, национални експерти за изработка на SOER (извештај за состојбата на животната средина) и тематски експерти за води. По одржување на панелни дискусии меѓу присутните дојде до квалитативен придонес кој овозможи утврдување на почетните активности за спроведување на регионалниот проект за Користење на водите во регионот на Западен Балкан, со што ќе се овозможи навремена подготовка на нашите експерти за примена на материјали и изработка на нови информации со кои ќе се унапреди изработката на националниот SOER извештај. Исто така, оваа работилница овозможи почеток на процесот на подготовка за национален придонес кон SOER извештајот 2020 на Европската агенција за животна средина. На панелните дискусии, учесниците презентираа податоци, информации и методологии за изработката на SOER извештаите и подготвеноста за користење на новите проектни резултати во изработката на националните извештаи. Претставниците од Македонија беа Катерина Николовска, раководител на Одделение за аналитика и известување во МИЦЖС, Аземине Шакири, виш соработник во МИЦЖС и Ивица Тасиќ момлад сортаботник во МИЦЖС.
Submitted by almin on 08.06.2017 - 11:42