Shpallje
02.10.2020
Во период од 6-7.02.2020 година во Копенхаген, Данска, се оддржа состанок на Националните референтни центри – експерти за информациски и комуникациски системи во соработката со Европската агенција за животна средина (EIS – Environmental Information Systems).
На состанокот на кој зедоа учество 39 представници се дискутираше за новата платформа за репортирање -Reportnet 3.0 иимплементацијата на INSPIRE директивата во EEA / EIONET и сите новини и измени во процесот на репортирање. Учесниците беа запознаени со новините во развојот на EIONET системи, како и измените во Eionet порталот.
На состанокот се презентираше и една нова иницијатива, наука овозможена од граѓаните (Citizen Science). Беа прикажани некои примери како граѓаните можат да придонесат со своите иницијативи во прибирање на податоци и прикажување на истите со цел да се подигне свеста за потребата од заштита на животната средина. Особено достигнување е забелезано во областа на биодиверзитетот и квалитетот на воздухот.
Учесниците на состанокот беа запознаени со новините во имплементацијата на INSPIRE, приоритетната листа на податочни сетови за репортирање, достапност на податоците во изворна форма (не валидирани), за податочните модели како и за пан-Европски податочни сетови.
Најмногу време на состанокот беше посветено на новата платформа за репортирање – Reportnet 3.0. До сега се развиени три верзии на самата платформа. Таа треба да овозможи репортирање во реално време, како и да ја подобри интероперабилноста со другите системи – INSPIRE, националните системи за репортирање и слично. Новиот систем би требало да биде достапен за репортирање во јули 2020.
На овој состанок присуствуваше Валентина Димитриевска, систем администратор за техничка подршка од Македонскиот информативен центар за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планаирање.