Учество на втор регионален вебинар на тема „Политики и индикатори за управување со отпад

Shpallje
15.03.2021
(10.03.2021) Во склоп на проектот за Подобрување на мониторингот и проценката на животната средина со цел подршка на агендата за одржлив развој во Југо-Источна Европа, централна Азија и Кавказот на 10.03.2021 се одржа виртуелен состанок на тема Политики и индикатори за управување со отпад. Овој проект е финансиски подржан од развојната програма на Обединетите Нации и спроведен преку Агенцијата за животна средина на Австрија, UNECE и UNEP. Од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање на нашата земја учествуваа Катерина Николовска-раководител на одделението за аналитика и известување, м-р Маргарета Цветковска-советник и Арминда Рушити-советник, сите вработени во Македонски информативен центар за животна срединаво Министерството за животна средина и просторно планирање. На виртуелниот состанок беше прикажана со презентација состојбата во нашата земја во однос на управувањето со отпадот, односно беа прикажани законите, политиките, индикаторите кои се развиени за да ја прикажат состојбата со управување на отпадот. Понатаму беа прикажани слабостити со кои се соочуваме при управувањето со отпадот како и потребните промени за подобрување на управувањето со отпадот и приближување кон целите на одржливиот развој, понатаму управување на отпадот на најдобар можен начин во смисла на најмало оптоварување на животната средина и намалување на создавањето на отпадот. Во тек на виртуелниот состанок беа прикажани прзентации од страна на Европската агенција за животна средина- Проценка на ефективноста на Европските политики за управување со отпадот. Понатаму презентацијата на Националните индикаторите за одржлив развој од страна на UNEP и презентацијата за регионален мониторинг на електронскиот отпад од страна на UNITAR. Земјите од Централна Азија како Казахстан, Киргистан, Таџикистан, понатаму земјите од Кавказот-Ерменија и Грузија, како и земјите од Централна и Јужна Европа-Австрија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија имаа презентации со фокус на управувањето на отпадот и постигнување на целите на одржлив развој односно достигнување на одржлива продукција и консумација.
Submitted by almin on 15.03.2021 - 13:14