Учество на 24-ти состанок на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина (WGEMA)

Shpallje
29.06.2022
На 11 и 12.04.2022година се одржа 24-ти состанок на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина (WGEMA) во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE). На состанокот на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина учествуваше Катерина Николовска, ко-претседавач на работната група со мандат од две години. Таа е активно е вклучена во работата на Бирото на оваа Група и во тоа својство, ги води потребните активности за развој на Пан-европскиот SEIS, за Република Македонија.
  • На состанокот беше презентиран годишниот распоред на активности на Работната група за 2023 година.
  • Секретаријатот на WGEMA ги извести членовите на работната група за поддршка на редовен процес на оцена на животната средина за Известување за Заедничкиот информативен систем за животна средина (SEIS).
  • Секретаријатот на WGEMA ги исто така ги извести членовите на работната група за статусот на подготовка на Извештајот за паневропска проценка на животната средина поддржн од Заедничкиот информативен систем за животна средина
  • Членовите на работната група дискутираа за меѓусебните врски помеѓу еколошките, економските и социјалните размислувања во врска со Агендата за одржлив развој во 2030 година, зелената економија и другите сродни области на работа.
  • Земјите го презентираа напредокот во мониторингот и оценувањето на животната средина, вклучувајќи ги институционалните и регулаторните механизми и инфраструктурата на национално ниво во текот на 2021 година.
  • Катерина Николовска учествуваше со презентација за мониторингот и оценувањето на животната средина на национално ниво.
WGEMA
Submitted by almin on 29.06.2022 - 08:03