Shpallje
09.12.2022
Во периодот од 17.10.2022 година до 21.10.2022 година во Омиш, Хрватска, се одржа состанок на националните GLOBE координатори од сите земји од Европа, вклучени во програмата GLOBE - Глобално учење и набљудување во полза на животната средина, односно вкупно учествуваа претставници од 26 земји.
На состанокот од Македонски Информативен центар за животна средина, учествуваа Катерина Николовска, Национален GLOBE координатор и GLOBE тренер и Ана Димишкова, заменик Национален GLOBE координатор, кои ги спроведуваат активностите на GLOBE Програмата во Северна Македонија.
Овој состанок беше од особена важност за одржување на средба со координаторите и заменици координатори од останатите земји вклучени во GLOBE програмата од евро-азискиот регион, како и претставници од канцеларијата за имплементација на програмата од САД.
Првите два дена се споделија искуства и мислења во однос на програмските активности, презентација на добра пракса за обуки од земјите учеснички, формални аспекти од имплементација на GLOBE програмата на национално ниво, понатаму имплементација на процесот на сертифицирање на тренери и мастер тренери, избор на нови членови на бордот како и планови за престојниот период од 2022-2023.
Исто така, останатите денови имаше и обука за различни аспекти за подбрување на имплементацијата на GLOBE Програмата преку споделување на успешни проекти и промоција на можности за соработка. На крај беше организирана посета на основно училиште кое успешно ја имплементира програмата.
Беа доделени и сертификати за учество на регионалниот состанок.