Даноци поврзани со животна средина се даноци чија даночна основа е физичка единица на нешто што има докажано, специфично влијание на животната средина и според ЕСА се идентификувани како даноци. Дефиницијата го истакнува ефектот на даден данок во однос на неговото влијание на трошокот на активности и цените на производите кои имаат негативно влијание на животната средина.
Даноци за енергенти (вклучено е горивото за сообраќај) ги опфаќаат даноците за производство на енергија и енергетски производи што се користат за стационарни потреби или за сообраќај. Даноците за биогориво и за останати видови енергија од обновливи извори се вклучени во оваа категорија, исто така се вклучени и даноците што се плаќаат за залихи на енергетски производи.
Енергетски даноци се една од четирите категории кои ги сочинуваат даноците поврзани со животната средина (другите три се даноци за транспорт, даноци за загадување и даноци за ресурси (исклучени се даноци за екстракција на нафта и гас). Како физичка единица даночната основа е ограничена на одредени ставки кои се однесуваат на енергетскиот сектор кој исто така влучува даноци за CO2.
- милиони денари, %.
Каков е трендот на енергетските даноци и колкаво е учеството на енергетските даноци во вкупните даноци поврзани со животната средина?
Во разгледуваниот период од 2014 до 2020 година, се забележува пораст од 41,98% на годишната сума на енергетските даноци, додека од друга страна учеството на енергетските даноци во вкупните даноци поврзани со животната средина покажува пад од 3,1% во 2017 година, за потоа во 2020 година во однос на 2017 има пораст од 4,9%.
Годишната сума на енергетските даноци претставува повеќе од половина од сумата на вкупните даноци поврзани со животната средина, со удел од 66,19% (2014), 64,56% (2015), 64,50% (2016) ), 64,119% (2017), 67,36 (2018),65,22% (2019) и 67,29% (2020).
Со утврдување соодветни даночни и царински олеснувања за инвестиции во проекти за заштита на животната средина во индустријата, индиректно би значело и намалување на загадувањето на животната средина.
График 1. Даноци за енергенти и нивно учество во вкупните даноци
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика
Република Северна Македонија согласно одредбите од Законот за заштита на животната средина, го воведе принципот “загадувачот плаќа”, што придонесува за обезбедување значителен извор на финансирање преку приходи од даноци за животната средина, кои се користат за унапредување на мерките и политика за заштита на животната средина.
Сметките за даноци за животна средина претставуваат економски инструмент за контрола на загадувањето и користењето на природните ресурси, чија што цел е влијание врз работата на економските субјекти, производителите и потрошувачите. Овие сметки претставуваат основа за прибирање на статистички податоци за приходите од даноци за животна средина, гледано според даночни обврзници. Даночни обврзници се домаќинствата и производните единици. Домаќинствата во Национални сметки имаат двојна функција, претставуваат произведувачи, а и потрошувачи на стоки и услуги. За пресметка на Сметките за даноци на животната средина, домаќинствата се набљудуваат како потрошувачки единици. Производни единици, пак, претставуваат институционалните единици кои произведуваат добра и услуги и се распределени во соодветните оддели и сектори според НКД Рев.2.
Индикаторот се користи за следење на напредокот кон ресурсно ефективно општество врз основа на клучната тематска цел „добивање на вистинската цена“ вклучена во специфичната тема „Трансформирање на економијата.“ Не постои цел која специфично адресира енергетски даноци, но намерата на ЕУ мапата за ресурсно-ефикасно општетсво е дека има голема промена кон оданочување за животната средина која влучува даноци за енергенти.
Во разгледуваниот период од 2014 до 2020 година, се забележува пораст од 41,98% на годишната сума на енергетските даноци, додека од друга страна учеството на енергетските даноци во вкупните даноци поврзани со животната средина покажува пад од 3,1% во 2017 година, за потоа во 2020 година во однос на 2017 има пораст од 4,9%.
Годишната сума на енергетските даноци претставува повеќе од половина од сумата на вкупните даноци поврзани со животната средина, со удел од 66,19% (2014), 64,56% (2015), 64,50% (2016) ), 64,119% (2017), 67,36 (2018),65,22% (2019) и 67,29% (2020).
- Методологија за пресметка на индикаторот
За пресметка на Сметките за даноци за животната средина се користат податоци од Министерството за финансии и податоци од редовните статистички истражувања во Државниот завод за статистика.
Индикаторот го мери вкупниот износ на приходи од енергетски даноци во милиони денари за сите НКД активности плус домаќинства, нерезиденти и нераспределени. Ова ја покажува големината која ја заземаат енергетските даноци во апсолутни изрази, за да го дополнат учеството на енергетски даноци платени од секторот обврзник.
Исто така, индикаторот го мери процентот на енергетски даноци во однос на седум сектори обврзници како учество во вкупниот износ на даночни приходи од енергетски даноци. Седумте сектори се: Домаќинства, Индустрија (освен градежништво), Градежништво, Големопродажба и трговија и поправка на моторни возила и моторцикли, Транспорт и складирање, Услуги и Земјоделство, шумарство и рибарство.
Нема специфични цели.
- OECD/EUROSTAT
МК НИ 069 Енергетски даноци | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | 87 – Energy taxes Eurostat_t2020_rt300 |
|
SDG – Цели за одржлив развој | 17 – Partnership for sustainable development | |
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | не |