МК НИ 075 Максимално ниво на бучава (LAmax)

97
МК НИ 075
Максимално ниво на бучава (LAmax)
Дефиниција

Индикаторот LAmax (максимално ниво на бучава), преставува максимално-оредено ниво на бучава, максимална вредност на моментното А-одредено ниво на бучава за одреден временски период на мерење, на дефинираните мерни места за бучава, без оглед на изворот на бучава. Исто така, индикаторот ја покажува и процентуалната распределеност на интензитетот на максималното ниво на бучава, според опсегот на бучава.

Единици
  • Децибел – dB(A), процент (%)
Клучно прашање за политиката

Дали интензитетот на максималното ниво на бучава ги надминува пропишаните гранични вредности?

Клучна порака

Согласно обработените податоци од комунална бучава може да се заклучи дека сите четири разгледувани градови имаат големо загадување од бучава во животната средина, односно интензитетот на дополнителниот индикатор LAmax, во сите четири града има значително надминување на граничната вредност.

Споредено со граничната вредност, интензитетот на максималното ниво на бучава да не ја надмине вредноста од 60 dB (A), може да се заклучи дека овој процент е многу мал и изнесува 8,6%, вкупно за мерењата во анализираните градови, што укажува на тоа дека мерењата на интензитетот на бучава кој ја надминува вредноста од 60 dB(A) е доста висок и изнесува 91,4%.

Најчесто како последица на зголемено ниво на бучава се јавува нарушување на спиењето, вознемиреност кај населението, оштетување на слухот, кардиоваскуларни проблеми и влијае на психофизичката состојба. За да се подобри квалитетот на живеење на целото население потребно е да се преземат мерки и активности за спречување или намалување на бучавата.

 

График 1. Интензитет на бучава во животната средина во Скопје за дополнителниот индикатор LAmax

CSI 075 Lmax MK 2022_g1

 

График 2. Интензитет на бучава во животната средина во Битола за дополнителниот индикатор LAmaxCSI 075 Lmax MK 2022_g2

 

График 3. Интензитет на бучава во животната средина во Кичево за дополнителниот индикатор LAmax

CSI 075 Lmax MK 2022_g3

 

График 4. Интензитет на бучава во животната средина во Куманово за дополнителниот индикатор LAmax

CSI 075 Lmax MK 2022_g4

 

График 5. Процентуална распределба на интензитетот на максималното ниво на бучава, според опсегот на бучава, вкупно за анализираните градови

CSI 075 Lmax MK 2022_g5

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Центри за јавно здравје (Скопје, Куманово и Битола)

Оценка

Од обработените податоци, може да се забележи дека во целиот разгледуван период, во Скопје, Кичево и Куманово, на сите мерни места, измереното максимално ниво на бучава LAmax, има значително надминување на граничната вредност од 60 dB(A) и се движи помеѓу најниско – 1,5 dB(A) во Кичево и највисоко – 35,8 dB(A) во Куманово.

Интензитетот на комуналната бучава во животната средина во Битола, за дополнителниот индикатор LAmax, скоро на сите мерни места има постојан тренд на благо покачување и намалување. Од податоците може да се забележи дека на 1 мерно место нивото на бучава не ја надминува ГВ, во целиот разгледуван период, на останатите 7 мерни места нивото на бучава ја надминува ГВ за тоа мерно место и надминувањето се движи помеѓу најниско – 0,05 dB(A) и највисоко – 14,7 dB(A).

Разгледувано во однос на процентуалната распределеност на интензитетот на максималното ниво на бучава според опсегот на бучава, се забележува дека најголем процент од мерењата на интензитетот на максималното ниво на бучава, 28,4%, се наоѓа во опсегот од 65-70 dB(A). Во Скопје, најголем процент од мерењата, 57,1%, се наоѓаат во опсегот од 65-70 dB(A), во Кичево, најголем процент од мерењата, 45,7%, се наоѓаат во опсегот од 70-75 dB(A), загрижувачка е состојбата во Куманово каде 30,5% од мерењата се наоѓаат во опсегот од 85-90 dB(A),a 18,9% од мерењата се со повисоко ниво на максимална бучава над 90 dB(A), што укажува на состојба со многу висок интензитет на максималното ниво на бучава кое влијае негативно врз здравјето на луѓето.

Споредено со граничната вредност, интензитетот на максималното ниво на бучава да не ја надмине вредноста од 60 dB (A), може да се заклучи дека овој процент е многу мал и изнесува 8,6%, вкупно за мерењата во анализираните градови, што укажува на тоа дека мерењата на интензитетот на бучава кој ја надминува вредноста од 60 dB(A) е доста висок и изнесува 91,4%.

Најчесто како последица на зголемено ниво на бучава се јавува нарушување на спиењето, вознемиреност кај населението, оштетување на слухот, кардиоваскуларни проблеми и влијае на психофизичката состојба. За да се подобри квалитетот на живеење на целото население потребно е да се преземат мерки и активности за спречување или намалување на бучавата.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Индикаторот за максимално ниво на бучава – LAmax се пресметува согласно стандардите дадени во одредбите од Правилникот за примената на индикаторите за бучава, дополнителни индикатори за бучава, начинот на мерење на бучава и методите за оценување со индикаторите за бучава во животната средина.

Центрите за јавно здравје вршат мерења на повеќе мерни места и тоа во:

  • Скопје, четиринаесет мерни места
  • Битола, осум мерни места
  • Кичево, седум мерни места
  • Куманово, десет мерни места

На секое мерно место вршени се четири пати по 50 мерења во текот на едно деноноќие. Две мерења во тек на денот од кои се пресметува индикаторот Lд, едно мерење навечер Lв и едно мерење во текот на ноќта Lн. Максималното ниво на бучава – LAmax, е највисокото измерено ниво во периодот на мерење.

Периодот ден/вечер/ноќ е одреден согласно одредбите од Законот за бучава во животната средина, и тоа, денот трае 12 часа од 7:00 до 19:00 часот, вечерта трае 4 часа од 19:00 до 23:00 часот и ноќта трае 8 часа од 23:00 до 7:00 часот.

Ниво на бучава претставува вредност на измерениот звучен притисок или интензитет изразена во децибели dB (A).

Процентуалната распределеност на интензитетот LAmax (максимално ниво на бучава), според опсегот на бучава, се добива врз основа на максимално-оредено ниво на бучава, максимална вредност на моментното А-одредено ниво на бучава за одреден временски период, на сите мерни места.

Цели

Општите национални цели се пропишани во Законот за заштита од бучава во животната средина и се однесуваат на:

  • создавање здрави услови за животот на луѓето и заштита на животната средина од бучава,
  • преземање мерки и активности за избегнување, спречување или намалување на бучавата,
  • преземање на мерки за заштита од бучава која е наметната од блиската средина и предизвикува непријатност и вознемирување,
  • отстранување или намалување на штетните ефекти кои се последица од изложеноста на бучавата во медиумите и областите на животната средина и
  • обезбедување на основа за развивање на мерки за намалување на бучавата што ја емитуваат поголемите извори, особено патните, железничките и водните превозни средства и инфраструктура, воздухопловите, опремата што се користи на отворен простор и во индустријата, како и мобилните механички средства за работа.

Во Правилникот за гранични вредности на нивото на бучава во животната средина се дефинирани граничните вредности за ниво на бучава во животната средина предизвикана од различни извори диференцирани според степенот на заштита од бучава определени со Правилникот за локациите на мерните станици и мерните места.

Обврска за известување
  • Годишно до Европската агенција за животна средина
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Бучава Поврзаност со други теми/сектори Почвва и користење на земјиште, Транспорт, Здравство, Домаќинства, Урбанизам, Индустрија, Градежништво,
Код на индикаторот MK НИ075 Временска покриеност 2010-2021
Име на индикаторот Максимално ниво на бучава (LAmax) Извор на податоци Центри за јавно здравје (Скопје, Куманово и Битола)
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 02.09.2022
Тип А Подготвено/ ажурирано од: Катерина Николовска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
k.nikolovska@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 075 Максимално ниво на бучава (LAmax) EEA – Европска агенција за животна средина IND-233/TERM 005 , CSI 051
Exposure of Europe’s population to environmental noise
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина 138, Population exposure to environmental noise
SDG – Цели за одржлив развој 3, 11 – Eurostat sdg_11_20
Population living in households considering that they suffer from noise, by poverty status
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не
30.11.2022