МК НИ 08 Употреба на минерални ѓубрива

58
МК НИ 08
Употреба на минерални ѓубрива
Дефиниција

Минералните ѓубрива се супстанци што ги содржат хемиските елементи неопходни за раст и развој на растенијата, особено азот, фосфор и калиум.

Овој индикатор ја покажува употребата на минерални ѓубрива во Република Северна Македонија и тоа, прикажани се вкупните количества во тони од употребуваните супстанции, како и нивната примена на хектар обработлива површина.

Единици
  • Тони, (kg/ha).
Клучно прашање за политиката

Каков тренд покажува количеството на употребени минерални ѓубрива во земјоделството?

Клучна порака

Употребата на минерални ѓубрива во земјоделството покажува тренд на опаѓање од 2000 до 2012 година. Вкупната употреба на минерални ѓубрива се намалила за 64,61%. Употребата на азотни минерални ѓубрива се намалила за 63,77%. Употребата на фосфорни ѓубрива се намалила за 77,01%. Употребата на мешани минерални ѓубрива од 2000 до 2009 се намалила за 93,26%, а во периодот од 2009 до 2012 година има постепено зголемување за 411,82%. Употребата на калиумови ѓубрива покажува периодичен тренд на намалување и зголемување, употребата во 2012 година се зголемува за 100% во однос на 2011 година. Употребата на минерални ѓубрива на обработлива површина (kg/ha), од земјоделски претпријатија и земјоделски задруги, во разгледуваниот период има периодичен тренд на намалување и зголемување.

 

График 1. Употребени минерални ѓубрива

CSI_08_Zemjodelstvo2020_gr1

 

График 2. Употребени минерални ѓубрива на обработлива површина (kg/ha) од (земјоделски претпријатија и земјоделски задруги)

 

CSI_08_Zemjodelstvo2020_gr2

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Годишни статистички извештаи, Државен завод за статистика
http://www.stat.gov.mk

Оценка

Во разгледуваниот период употребата на минерални ѓубрива во земјоделството опаднала од 16.416 тони на 5.809 тони ѓубриво. Количеството на употребени минерални ѓубрива на обработлива површина од (земјоделски претпријатија и земјоделски задруги) изразени во килограми на хектар, во разгледуваниот период има периодичен тренд на намалување и зголемување. Во 2001 година со 77,74 kg/ha, има најмала употреба на минерални ѓубрива додека во 2006 година со 147,24 kg/ha употребата на минерални ѓубрива била најголема.

Тешко е да се поврзе трендот на намалување на употребата на минерални ѓубрива директно со влијанието врз состојбата на животната средина. Крајниот ефект врз состојбата на животната средина во голема мера зависи и од други фактори, како што се употребата на органско ѓубриво, приносот од одгледуваните култури, типот на почвите, управувањето со земјоделските фарми и друго.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Примена на одделни групи на минерални ѓубрива како мешани минерални ѓубрива, азотни ѓубрива, фосфорни ѓубрива, калиумови ѓубрива, како и вкупните минерални ѓубрива на хектар обработлива површина, се добива кога вкупното количество на употребуваната група на минерални ѓубрива изразена во kg се дели со вкупната обработлива површина изразена во ha.

Цели

Нема специфични цели.

Обврска за известување

Нема обврска за известување

Општи мета-податоци
Тема Земјоделство Поврзаност со други теми/сектори Воздух, Климатски промени, Почва и користење на земјиште
Код на индикаторот MK НИ 08 Временска покриеност 2000-2012
Име на индикаторот Употреба на минерални ѓубрива Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Д Датум на последна верзија 18.08.2020
Тип А Подготвено/ажурирано  од: Арминда Рушити
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: а.rushiti@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 08 Употреба на минерални ѓубрива EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа F2/75,76- Fertilizer consumption
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 2. End hunger, achieve food security and improved nutrition and promote sustainable agriculture
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не
02.12.2021