Билансот на хранливи материи или азотниот биланс, воспоставува поврзаност помеѓу хранливите материи кои се користат во земјоделството и промените во квалитетот на животната средина, со цел одржливо користење на почвените хранливи материи во смисла на нивен внес и изнес.
Индикаторот го проценува потенцијалниот вишок на азот во земјоделското земјиште. Ова се добива со пресметување на билансот помеѓу азотот применет на хектар земјоделско земјиште. Индикаторот ги зема предвид сите влезни и излезни материи на земјоделското стопанство (фармата). Влезните материи се состојат од количеството на азот применет преку минерални ѓубрива и арско ѓубриво, како и врзување на азотот од страна на азотофиксаторните растенија, наносите од воздух и од други помали извори. Излезниот азот се содржи во собраните (пожнеани) култури, како и тревите и растенијата што ги јаде стоката. Неконтролираното испуштање на азотот во атмосферата во вид на NO2 од земјоделството тешко се проценува и затоа не се зема предвид.
- Грубиот т.е. бруто-билансот на азот се изразува во (kgN/година) на хектар (ha).
Дали се подобрува влијанието на земјоделството врз животната средина?
Во периодот од 2000 до 2001 година забележлив е значителен раст на бруто-билансот на азот, по што следува стагнација, за да се забележи потоа нагло опаѓање во периодот од 2002 до 2003 година и понатамошно благо опаѓање на бруто-билансот на азот изразен како во илјади тони, така и во килограм азот на хектар земјоделска површина kgN/ha. Постојан суфицит индицира потенцијални проблеми со животната средина, додека постојан дефицит во азотниот биланс, индицира потенцијален ризик за намалување на хранливите материи во почвата.
График 1 Бруто азотен биланс изразен во илјади тони и kgN/ha земјоделска површина
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Годишни статистички извештаи/Државен завод за статистика, Пресметките за грубиот биланс на азот ги направи Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје
- Методологија за пресметка на индикаторот
Методологијата за пресметка на индикаторот е земена од OECD/Eurostat national nutrient balances, која ги зема предвид сите влезни и излезни материи на земјоделското стопанство (фармата).
Влезните азотни материи се состојат од:
- Вкупното количество на употребено ѓубриво
- Неорганско ѓубриво
- Органско ѓубриво (се исклучува арското ѓубре)
- Арско ѓубриво
- Врзување на азотот од страна на азотофиксаторните растенија
- Наносите на азот од воздух
- Други помали извори (семе и друг саден материјал)
Излезните азотни материи се состојат од:
- Собраните (пожнеани) растителни култури, кои се пласирани на пазарот, во кои се вклучени и фуражните култури
- Тревите и растенијата што ги јаде стоката
Неконтролираното испуштање на азотот во атмосферата во вид на NO2 од земјоделството тешко се проценува и затоа не се зема предвид.
- Извор за користената методологија
OECD/EurostatGrossNitrogenBalancesHandbook (12/2003)
Несигурност
- Методолошка несигурност
Податоците кои се користат за пресметување на овој индикатор делумно се базирани на проценка на експерти. Притоа се користи хармонизирана методологија која можеби не ги одразува специфичностите на нашата земја. Одредени коефициенти кои се користат при пресметките многу се разликуваат од земја до земја. Податоците за внес на азот се смета дека се посоодветни и поцелосни отколку оние за изнес. Несигурноста се јавува во однос на ожнеаните фуражни растенија, како и тревестите растенија кои ги јаде стоката.
Поради погоренапоменатото податоците за бруто-билансот на азот во нашата земја треба да се земаат со одредена доза на внимателност .
- Несигурност на групата податоци
Податоците за количествата на употребуваното арско ѓубриво имаат одредена доза на несигурност, статистичките податоци за семињата и другиот саден материјал, како и податоците за тревестите растенија кои ги јаде стоката, односно кои не се пласираат на пазарот, исто така треба да се прифатат со доза на несигурност.
Нема специфични цели
- EEA
МК НИ 025 Бруто биланс на азот | EEA – Европска агенција за животна средина | IND-157/SEBI 019, Nitrogen balance |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | нема еквивалент | |
SDG – Цели за одржлив развој | 2. End hunger, achieve food security and improved nutrition and promote sustainable agriculture | |
GGI – Индикатори за зелен раст | не | |
Кружна економија | не |