Индикаторот ја претставува состојбата со број на проценети засегнати видови на национално ниво и процентот на засегнатост на проценетите видови согласно Национални црвени листи (изготвени согласно критериуми на Светската унија за заштита на природата –IUCN). Во засегнати видови спаѓаат категориите на видови идентификувани како критично загрозени, загрозени или ранливи:
- Број на засегнати диви видови растенија (флора)
- Број на засегнати видови на влекачи (фауна)
- Број засегнати видови на водоземци (фауна)
- Број на засегнати видови габи
- Број на засегнати видови цицачи
- Број на видови, %
За колку видови е изврешена проценка за ризикот од исчезнување на национално ниво согласно критериумите на IUCN ?
На национално ниво се очекува тренд на зголемување на бројот на проценети засегнати видови.
Во 2018 година Владата на Република Македонија ги донесе Националната Стратегија за биодиверзитет со Акционен План (2018-2023) и Националната Стратегија за природа со Акционен План (2017-2027). И покрај фактот што диверзитетот на флората и фауната сѐ уште не е целосно проучен, сепак, според Националната стратегија за биолошка разновидност со Акциски План за период (2018-2023) на национално ниво утврдени се: 2.095 алгални таксони, над 2.000 видови габи, 450 вида лишаи, над 500 таксони на мовови, 3500 видови од флората, 85 видови риби, 14 водоземци, 32 видови на влекачи, 334 птици и 85 видови на цицачи.
Во текот на 2019 година беше изготвена првата Национална црвена листа за херпетофауна (водоземци и влекачи) и тоа за: 14 вида водоземци и 32 вида влекачи.
Дополнително во 2019 година извршена е проценка и на 14 видови растенија, кои имаат меѓународно и национално значење и изготвена е Приоритетна листа на таксони на флората на национално ниво, како основа за понатамошна селекција и утврдување на конечна листа со приоритетни таксони за Црвената листа на флората на Република Северна Македонија.
Во периодот 2020/2021 година изготвени се Национални црвени листи за габи и крупни ѕверови (мечка, рис, волк, видра и шакал).
Во Република Северна Македонија постои правна рамка за изработка/развивање на национална црвена листа. Тоа е регулирано со член 34 и член 35 од Законот за заштита на природата.
Табела 1. Регистрирани и проценети видови во Република Северна Македонија
Вид | Вкупен број на регистрирани видови | Број на проценети видови | % на проценети видови | ||
2019 | 2020 | 2021 | |||
Водоземци | 14 | 14 | 14 | 14 | 100% |
Влекачи | 32 | 32 | 32 | 32 | 100% |
Цицачи | 85 | 0 | 0 | 5 | 5,9% |
Габи | 2000 | 0 | 0 | 64 | 3,2% |
Растенија | 3500 | 14 | 14 | 14 | 0,4% |
Водоземци и влекачи:
Согласно податоците од изготвените црвени листи во Република Северна Македонија статусот со водоземци и влекачи е следен:
Од проценките спроведени на национално ниво за водоземци и влекачи 42,9% од сите водоземци и 37,5% од сите влекачи во Република Северна Македонија се сметаат за загрозени. Од вкупниот број на идентификувани видови на национално ниво на водоземци (14) и влечуги (32) процентот на проценети видови согласно критериумите за изготвување на црвени листи изнесува 100%.
Водоземци:
Загрозени (EN): Алпски мрморец (Ichthyosaura alpestris), Балкански мрморец (Triturus karelinii) и Планинска жаба (Rana temporaria).
Ранливи (VU): Обичен мрморец (Lissotriton vulgaris), Македонски мрморец (Triturus macedonicus) и Лукова жаба (Pelobates syriacus).
Влекачи:
Загрозени (EN): Ивичест гуштер (Algyroides nigropunctatus), Планинска гуштерица (Lacerta agilis), Степски удав (Eryx jaculus), Балкански смок (Hierophis gemonensis), Шарка (Vipera berus) и Остроглава шарка (Vipera ursinii).
Ранливи (VU): Блатна желка (Emys orbicularis), Речна желка (Mauremys rivulata), Полска желка (Testudo graeca), Ридска желка (Testudo hermanni), Змијогуштер (Pseudopus apodus) и Длабокочелен смок (Telescopus fallax).
Табела 2.Број и процент на засегнати водоземци според категорија на засегнатост
Водоземци | 2019 | 2020 | 2021 | % на засегнати видови во однос на вкупниот број регистрирани видови |
Загрозени | 3 | 3 | 3 | 21,4% |
Критично загрозени | 0,00% | |||
Ранливи | 3 | 3 | 3 | 21,4% |
Вкупно | 6 | 6 | 6 | 42,9% |
Табела 3.Број и процент на засегнати влекачи според категорија на засегнатост
Влекачи | 2019 | 2020 | 2021 | % на засегнати видови во однос на вкупниот број регистрирани видови |
Загрозени | 6 | 6 | 6 | 18,8% |
Критично загрозени | 0,0% | |||
Ранливи | 6 | 6 | 6 | 18,8% |
Вкупно | 12 | 12 | 12 | 37,5% |
Цицачи:
Од спроведените проценки на избраните пет видови цицачи: кафеавата мечка (Ursus arctos), балканскиот рис (Balkan lynx) и евроазиската видра (Lutra lutra) се сметаат за загрозени видови. Кафеавата мечка и евроазиската видра се оценети како ранливи (VU), а балканскиот рис како критично загрозен (CR). Волкот и чакалот не ги исполнуваат условите за ниту една од загрозените категории, при што волкот е оценет како близу загрозен (NT), а чакалот е со недостаток на податоци (DD).
Од вкупниот број на идентификувани 85 видови на националнониво процентот на проценети видови согласно критериумите за изготвување на црвени листи изнесува 5,8%. Критично загрозени се 1,2% а ранливи се 2,4% од вкупниот број на проценети видови.
Табела 4. Број и процент на засегнати цицачи според категорија на засегнатост
Цицачи | 2019 | 2020 | 2021 | % на засегнати видови во однос на вкупниот број регистрирани видови |
Загрозени | 0 | 0 | 0 | 0,0% |
Критично загрозени | 0 | 1 | 1 | 1,2% |
Ранливи | 0 | 2 | 2 | 2,4% |
Вкупно | 0 | 3 | 3 | 3,5% |
Габи:
Од спроведените проценки на избраните 64 видови габи 6 видови (0,3 %) се критично загрозени, 11 (0,5 %) видови се загрозени, 35 видови (1,75 %) се ранливи.
Oд вкупниот број на видови на габи кои се среќаваат на националата територија, 3,2 % се проценети.
Табела 5. Број и процент на засегнати габи според категорија на засегнатост
Габи | 2019 | 2020 | 2021 | % на засегнати видови во однос на вкупниот број регистрирани видови |
Загрозени | 0 | 11 | 11 | 0,6% |
Критично загрозени | 0 | 6 | 6 | 0,3% |
Ранливи | 0 | 35 | 35 | 1,8% |
Вкупно | 0 | 52 | 52 | 2,6% |
Растенија:
Од спроведените проценки на избраните 14 видови растенија 5 видови се оценети како критично загрозени (CR), 4 вида се оценети како ранливи (VU) и 4 вида како загрозени (EN). 0,11% се проценети како загрозени, 0,14 % како критично загрозени и 0,11% како ранливи видови. Од вкупниот број на регистрирани видови на виши растенија во земјата кој изнесува 3500, 14 видови се проценети согласно критериумите на IUCN, односно 0,4 %.
Табела 6. Број и процент на засегнати растенија според категорија на засегнатост
Растенија | 2019 | 2020 | 2021 | % на засегнати видови во однос на вкупниот број регистрирани видови |
Загрозени | 4 | 4 | 4 | 0,11% |
Критично загрозени | 5 | 5 | 5 | 0,14% |
Ранливи | 4 | 4 | 4 | 0,11% |
Вкупно | 13 | 13 | 13 | 0,37% |
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Национални црвени листи за флора, габи, херпетофауна (водоземци и влекачи), габи и крупни цицачи
- Методологија за пресметка на индикаторот
Националната Црвена Листа се заснова на принципи и методологии на глобалната Црвена Листа на загрозени видови на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN Red List of Threatened Species™) или кратко: Црвена листа на IUCN (International Union for Conservation of Nature).
Црвената листа на IUCN ги наведува видовите според нивниот проценет ризик од исчезнување. Во национални или регионални црвени листи, на видовите им се доделува една одединаесетте категории на закани.Овие категории укажуваат на статусот на зачувување на видовите, при што видовите идентификувани како критично загрозени, загрозени или ранливи се сметаат за засегнати видови.
Црвената листа на IUCN користи критериуми поврзани со големината на популацијата, географскиот опсег/ареал и стапките на опаѓање кои се применуваат во целиот таксономски ареал на видовите.
Индикаторот се следи во период од пред две години.
Единици во кои се изразува се: Број на засегнати видови и %.
Проценка на статусот на загрозеност и ризикот од исчезнување на претставници од сите таксономски групи во РСМ, кои се со светско, европско и национално значење и дефинирање мерки за нивна заштита и зачувување.
- Европска агенција за животна средина
- Секретаријат на Конвенцијата за биолошка разновидност (CBD)
- Секретаријат на Конвенција за заштита на дивиот свет и природните живеалишта во Европа (Бернска конвенција)
- Секретаријат на Рамсарска Конвенцијa
МК НИ 007 Загрозени и заштитени видови | EEA – Европска агенција за животна средина | IND-140/CSI 050, SEBI 001- Abundance and distribution of selected species |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | D5 Trends in the number and distribution of selected species | |
Каталог на индикатори за животна средина | 130 – Abundance and distribution of selected species | |
SDG – Цели за одржлив развој | 15 – 15.5.1 Red List Index |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | не | |
Кружна економија | не |