МК НИ 015 Напредок во управувањето со контаминирани локалитети

50
МК НИ 015
Напредок во управувањето со контаминирани локалитети
Дефиниција

Терминот „контаминиран локалитет“ се однесува на одредена површина каде што е потврдено присуството на контаминација на почвата и сериозноста на можните влијанија на екосистемите и здравјето на луѓето е таква што е неопходна санација на истиот. Санацијата или чистењето на контаминираниот локалитет може да резултира во целосна елиминација или во намалување на овие влијанија.

Терминот „потенцијално контаминиран локалитет“вклучува локалитет каде што контаминацијата на почвата се претпоставува, но не е потврдена и треба да се спроведат дополнителни истражувања.

Напредок во управувањето со контаминираните локалитети е испланирано со цел да се прикаже намалувањето и елиминирањето на негативните ефекти врз екосистемите и здравјето на луѓето, онаму каде што е докажано дека е нарушена животната средина.

Управувањето на контаминираните локалитети започнува со истражување, понатаму доколку е потребно санација или чистење на контаминираното место, како и мерки за грижа и одржување на истото и ревитализација на контаминираните површини.

Индикаторот го прикажува напредокот во пет основни чекори:

  1. Идентификација на локалитетот/прелиминарна студија;
  2. Прелиминарно истражување;
  3. Главно истражување на локалитетот;
  4. Спроведување на санациони мерки;
  5. Комплетирање на мерките.
Единици
  • Број на локалитети, односно места кои се управувани до одреден чекор од вкупните пет основни чекори на индикаторот
  • Процентниот удел на економските активности во контаминацијата на почвата, како процент од местата каде активноста е присутна, во однос на вкупниот број на локалитети.
Клучно прашање за политиката

Колкав прогрес е направен во управувањето со контаминираните локалитети и колкав епроцентниот удел на економските активности кои придонесуваат за контаминација на почвата?

Клучна порака

Управувањето со контаминираните локалитети од 2005 до 2011 година, покажува напредок во однос на главното истражување на локалитетот, како и имплементацијата на санационите мерки. Додека при комплетирањето на санационите мерки не е забележан напредок, односно ниту на еден од идентификуваните контаминирани локалитети не е евидентирано комплетирањен на санационите мерки.

Во однос на економските активности кои придонесуваат за контаминација на почвата изразено во проценти, најголем е уделот на рударството и металургијата со 31,25%, а најмал од рафинирање на нафта и индустријата за производство на кожа со 6,25%.

 

Слика 1. Напредок во управувањето со контаминираните локалитети

CSI_015_Pocva2020_g1

 

Слика 2. Процентен удел на економските активности во контаминација на почвата

CSI_015_Pocva2020_g2

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Оценка

Во Република Северна Македонија е извршена идентификација и прелиминарни истражувања кај 16 локалитети каде е утврдена контаминација на почвата и се означени како жешки точки. Главни истражувања се спроведени кај осум локалитети. Имплементација на санациони мерки се спроведени кај три локалитети додека комплетирањето на мерките не е направено ниту на еден локалитет.

Во однос на економските активности кои придонесуваат за контаминација на почвата изразено во проценти, најголем е уделот на рударството и металургијата со 31,25%, потоа следи, органско-хемиската индустрија и производството на енергија со 12,5% како и рафинирањето на нафта и индустријата за производство на кожа со 6,25%.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Податоците за пресметка на индикаторот се земени од Националниот план за управување со отпадот во Република Северна Македонија, односно од Специјалната студија Е, понатаму од CARDS 2006 проектот за Развивање на ремедијациони планови со финансиски барања за елиминација на индустриски жешки точки, како и од Проценката за изводливост и развој на главен технички дизајн за мерки за заштита на водите во рудникот Бучим-UNDP Македонија.

Процентниот удел на економските активности кои придонесуваат за контаминација на почвата се пресметуваат како, на пример, [број на рудници кои учествуваат во контаминацијата на почвата]/[вкупен број на локалитети, односно места кај кои е установена контаминацијата на почвата] х 100.

  • Извор за користената методологија

Според Европската агенција за животна средина.

  • Методолошка несигурност

Иако постои дефиниција за контаминирано место, односно локалитет, поради отсуство на гранични вредности за концентрацијата на одредени токсични хемикалии во почвата, тешко е да се определи точниот број на локалитети каде е констатирана контаминација на почвата.

Проценката за контаминираниот локалитет во голема мерка зависи од индивидуалната процена на експертот.

  • Несигурност на групата податоци

Сите локалитети каде се одвива одредена индустриска/економска активност не се земени предвид како места со одредена контаминација, иако создаваат токсични хемиски супстанции.

Цели

Санирање на јаловишта, стабилизација и рекултивација на индустриски депонии.

Обврска за известување

Контаминација на почвата (ТЕ-2)

Општи мета-податоци
Тема Почва и користење на земјиште Поврзаност со други теми/сектори Вода, Земјоделство, Отпад
Код на индикаторот MK НИ 015 Временска покриеност 2005-2011
Име на индикаторот Напредок во управувањето со контаминирани локалитети Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање
Класификација по ДПСИР Р Датум на последна верзија 30.09.2020
Тип А Подготвено/ажурирано од: Маргарета Цветковска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
m.cvetkovska@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 015 Напредок во управување со контаминирани локалитети EEA – Европска агенција за животна средина IND 10/LSI003 – Progress in management of contaminated sites
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина 148-Progress in management of contaminated sites
SDG – Цели за одржлив развој 2-Zero Hunger
15-Life on Land
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
13.12.2022