МК НИ 019 Супстанци кои конзумираат кислород во реките

40
МК НИ 019
Супстанци кои конзумираат кислород во реките
Дефиниција

Клучен индикатор за статусот на оксигенизација на водните тела е биохемиската потрошувачка на кислород (БПК), што претставува потрошувачка на кислород како резултат на организмите во водата кои ја трошат органската материја што може да се оксигенизира. Индикаторот ги илустрира сегашната состојба и трендовите во врска со БПК и концентрациите на амониум (NH4) во реките.

Единици

Годишниот просек на БПК по 5 или 7- дневна инкубација (БПК5/БПК7) се изразува во mgO2/l, а вкупните годишни концентрации на амониум се изразува во mg N/l.

Клучно прашање за политиката

Каков е трендот на загадувањето на реките со биохемиската потрошувачка на кислород (БПК5) и амониум?

Клучна порака

Во Република Северна Македонија постои променлив тренд на концентрациите на БПК5и на концентрациите на амониум во реките во разгледуваниот период.Пад на концентрациите на БПКсе забележуваод 2008 до2021 година, тренд кој е релативно стабилен со незначителни промени на концентраците. Концентрациите на амониум во реките опаѓаат започнувајќи од 2001 година се до 2021 година кога се регистрирани концентрации кои одговараат на мезотрофичен статус на водите. Умерено еутрофичен статус во однос на степенот на БПКе регистриран во река Вардар.

Овие резултати ја одразуваат состојбата на неефикасното пречистување на урбаните и индустриските отпадни води, како и несоодветната заштита на речните басени. Соодветната заштита на реките и особено воведувањето на редовно пречистување на отпадните води во земјата е највисок политички приоритет на локално и на национално ниво.

 

График 1. Биохемиска потрошувачка на кислород (БПК5) во реките

CSI 019 Voda2022 MK_g1

 

График 2. Биохемиска потрошувачка на кислород (БПК5) во реките по река

CSI 019 Voda2022 MK_g2

 

График 3. Вкупно амониум во реките

CSI 019 Voda2022 MK_g3

 

График 4. Вкупно амониум во реките по река

CSI 019 Voda2022 MK_g4

 

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање, Управа за хидрометеоролошки работи

Оценка

Во Република Северна Македонија со транспозиција на Европската рамковна директива за води 2000/60/ЕК во националниот Закон за води, се воведоа и нови критериуми во однос на мониторингот и оценка на квалитетот на води, се со цел постигнување на добар еколошки статус на водите. Од извршените анализи во периодот од 2000 – 2021 година се забележува подобрување на квалитетот на водите од анализираните реки во однос на БПК5 и амониум посебно во периодот од 2008 – 2021 година.Ова подобрување на квалитетот на реките се должи на спроведување на законските прописи и изградбата на пречистителни станици.

Квалитетот на река Брегалница варира од олиготрофична до мезотрофична како резултат на соодветно функционирање на пречистувањето на урбани отпадни води во овој дел. На одредени мониторинг станици лоцирани на Црна Река и на река Вардар, евидентиран е умерено еутрофичен статус на водите во однос на степенот на БПК5. Овие резултати може да ја одразуваат состојбата на неефикасното пречистување на урбаните и индустриските отпадни води во земјата, како и несоодветната заштита на речните басени.

Соодветната заштита на реките и особено воведувањето на редовно пречистување на отпадните води во земјата е највисок политички приоритет на локално и на национално ниво, но за жал иако има постигнато забележителен прогрес во подобрување на квалитетот на водотеците и редуцирање на влијанијата кои доведуваат до влошување на квалитетот на водите сепак има уште работа во оваа насока т.с. обезбедување на добар еколошки статус на реките.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Пресметувањето на индикаторите се базира на методологијата утврдена со Eurowaternet, детерминирана од страна на Европскиот тематски центар за води при Европската агенција за животна средина.

Со овој процес дефиниран е начинот на селекција на мониторинг-станиците, утврден е видот на параметри кои се мониторираат како и нивната фреквентност на прибирање.

Цели

Подобрување на квалитетот на водите преку намалување на загадувањето, намалување и спречување на испуштањата на опасни хемикалiи во водите, намалување на процентот на нетретирани урбани отпадни води како и зголемување на процентот на рециклирани и соодветна реупотреба на отпадните води.

Обврска за известување
  • Годишно до Европската агенција за животна средина (EEA) за потребите нaWISE – SoE Water Quality
  • До УНЕЦЕ
  • Годишен извештај од обработени податоци заживотна средина
  • Извештај за состојба со животната средина
  • Статистики на животна средина
Општи мета-податоци
Тема Вода Поврзаност со други теми/сектори Природа, Индустрија, Рибарство
Код на индикаторот MK НИ 019 Временска покриеност 2000-2021
Име на индикаторот Супстанци кои консумираат кислород во реките Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање,
Управа за хидрометеоролошки работи
Класификација по ДПСИР С Датум на последна верзија 20.09.2022
Тип А Подготвено/ажурирано од: Аземине Шакири
Фреквенција на публикување на две години Контакт a.shakiri@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 019Супстанци кои конзумираат кислород во реките EEA – Европска агенција за животна средина IND-20/CSI 019 , WAT 002 – Oxygen consuming substances in European rivers
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа C10. BOD and concentration of ammonium in rivers/41-42
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 6. Ensure availability and sustainable management of water and sanitation for all,
15. Protect, restore and promote sustainable use of terrestrial ecosystems, sustainably manage forests, combat desertification, and halt and reverse land degradation and halt biodiversity loss
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
18.11.2022