Топлотен бран се дефинира како период од најмалку шест последователни денови со максимална температура поголема од деведесетиот пецентил за секој соодветен ден (Тмакс > 90ти перцентил). Под вредност дефинирана како „90ти перцентил“ од множество податоци, во овој случај максимални темпаратури, се подразбира вредност на максимална дневна температура поголема од 90 % членови од множеството податоци.
- Број на денови / периоди
Каков е трендот на бројот на топлите бранови и бројот на денови со Тмакс > 90ти перцентил?
Генерално, иако постојат години во кои нема топлотни бранови, во разгледуваниот период (1990-2021) кај сите мерни локации се забележува тренд на пораст на бројот на топлотни бранови, пораст на вкупниот број на денови со Tmax>90ти перцентил и пораст на средниот број денови по еден период во годините во кои има топлотни бранови.
Генерално бројот на топли бранови е во интервалот 36-41 случаи, вкупниот број на денови е во интервалот 286 – 333 а максималниот број на топлотни бранови на ниво на година се движи меѓу 4 и 5 случаи.
Споредбено, за Лазарополе, кој е на најголема надморска височина, бројот на топлотни бранови не одстапува од другите локации но вкупниот број на денови е помал односно топлотните бранови се пократки.
График 1. Топлотни бранови за Скопје (референтен период 1981-2010)
График 2. Топлотни бранови за Битола (референтен период 1981-2010)
График 3. Топлотни бранови за Гевгелија (референтен период 1981-2010)
График 4. Топлотни бранови за Лазарополе (референтен период 1981-2010)
График 5. Број на денови со Тмакс >90тиот перцентил (референтен период 1981-2010)
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Управа за хидрометеоролошки работи
Индикаторот „топлотен бран“ е дефиниран на основа на споредба на дневните максимални температури за периодот: 1990, 1995, 2000-2021 година, со 90тиот перцентил за секој соодветен ден, пресметан за петдневен прозор (+/- 2 дена во однос на конкретен ден во годината), за референтен период 1981-2010 година.
Средниот број на топлотни бранови и нивната вкупна должина (вкупниот број на денови) е пресметан од референтниот период но само од годините во кои има топлотни бранови.
Прикажаните резултати се добиени со обработка на податоци за периодот (1990, 1995, 2000-2021) година, а како референтен се користи периодот 1981-2010. Причина за ова е тоа што низата на податоци во Скопје (1978-2021) е пократка од низите во останатите мерни станици (1951-2021) со што се постигна униформност на податоците и разгледуваните периоди.
Генерално, иако постојат години во кои нема топлотни бранови, во разгледуваниот период (1990-2021) кај сите мерни локации се забележува тренд на пораст на бројот на топлотни бранови, пораст на вкупниот број на денови со Tmax>90ти перцентил и пораст на средниот број денови по еден период во годините во кои има топлотни бранови.
За Скопје максималниот број на топлотни бранови на ниво на година е 5 (2012 и 2019) со 40 односно 49 денови Tmax>90ти перцентил, респективно. Вкупниот број на топлотни бранови во прикажаниот временски интервал е 39 со вкупно 333 денови.
За Битола максималниот број на топлотни бранови на ниво на година е 4 (2007, 2016, 2017 и 2021) со 30, 31, 32 односно 32 денови Tmax>90ти перцентил, респективно. Но во 2019 година има три топлотни бранови со вкупно 34 денови. Вкупниот број на топлотни бранови во прикажаниот временски интервал е 41 со вкупно 329 денови.
За Гевгелија максималниот број на топлотни бранови на ниво на година е 4 (2012, 2019 и 2021) со 32, 44 односно 28 денови Tmax>90ти перцентил, респективно. Вкупниот број на топли бранови во прикажаниот временски интервал е 39 со вкупно 317 денови.
За Лазарополе максималниот број на топлотни бранови на ниво на година е 5 (2012) со 33 денови Tmax>90ти перцентил. Вкупниот број на топлотни бранови во прикажаниот временски интервал е 36 со вкупно 286 денови.
Генерално бројот на топли бранови е во интервалот 36-41 случаи, вкупниот број на денови е во интервалот 286-333, а максималниот број на топлотни бранови на ниво на година се движи меѓу 4 и 5 случаи.
Споредбено, за Лазарополе, кој е на најголема надморска височина, бројот на топлотни бранови не одстапува од другите локации но вкупниот број на денови е помал односно топлотните бранови се пократки.
Во 2021 година на сите локации (освен во Лазарополе) се забележува зголемивање на бројот на топлотни бранови и на нивната должина, во однос на претходната година. Во Лазарополе како и предходната година има 1 (еден) топлотен бран, со тоа што во 2021 год. тој топлотен бран е пократок за 1 (еден) ден во однос на предходната година.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Под максимална температуранавоздухотсеподразбира најголемата температуратанаамбиенталниотвоздух, мерена вометеоролошки заклон (метеоролошка куќичка) нависинаод 2 метри, во периодот од 21:00 часот претходниот ден до 21:00 часот за дадениот календарски ден. Таасемери на конвенционален начин состандарден максимален стаклентермометар или со електронскисензор во состав на автоматските метеоролошки станици.
Од измерените дневни максимални температури на воздухот, за секој календарски ден од дефинираниот референтен период се пресметува 90тиот перцентил. За секој календарски ден од разгледуваниот период (1990-2021) се врши споредба на вака пресметаните вредности со максималната температура. Интервалот од шест и повеќе последователни денови за кои Tmax>90ти перцентил се нарекува „топлотен бран“.
Во својата политика за климата, Европската унија предложи порастот на глобалната средна температура да се ограничи на под 2°C во однос на прединдустриските нивоа.
Светска метеоролошка организација.
МК НИ 005 Топлотни бранови (периоди од најмалку шест последователни денови во кои Тмакс > 90ти перцентил) | EEA – Европска агенција за животна средина | IND-348, CLIM 047 Heating and cooling degree days |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | Нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | 48 – Heating and cooling degree days (EEA_CLIM047) | |
SDG – Цели за одржлив развој | 13, Climate action | |
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | не |