МК НИ 063-2 Емисија на тешки метали – Cd кадмиум

23
МК НИ 063-2
Емисија на тешки метали – Cd кадмиум
Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на кадмиум (Cd).

Единици
  • t/година (тони на година)
Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на кадмиумот во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на Cd изнесуваа 1.6 t. Во 2020 година емисиите изнесуваат 0.21 t и се намалени за 87% споредено со 1990 година што претставува значителен напредок во намалувањето на вкупните емисии на кадмиум.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на Cd?

Најголеми извори во емисиите на Cd во 2020 година се NFRкатегориите 1.А.4 – Други сектори (домаќинства, комерцијални и административни капацитети) и 1.А.1 – Производство на енергија со учество во вкупните емисии на кадмиум од 51% и 25%, соодветно, по што следат категориите 2 – Индустриски процеси со удел од 11% и 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво со 8%. NFRкатегоријата 5 – Отпад има помал удел односно учествува со 4%, додека останатите категории се незначителни извори на емисии на Cd.

Оценка

Вкупните национални емисии на Cd во 1990 година изнесуваа 1.6 t. Во 2020 година вкупните емисии изнесуваат 0.21 t и во однос на 1990 година се намалени за 87%, а во однос 2019 се намалени за 8%.

Од гледиште на трендот на вкупните годишни емисии на кадмиум и причините за истиот, целиот период 1990-2020 година генерално може да се подели на два дела и тоа: период 1990-2004 година, кога работи Топилницата за олово и цинк во Велес и кога се забележуваат највисоките емисии на оваа загадувачка супстанца во 1995-1996 година и со надолен тренд од 1998 до 2005 година, и период 2005-2020 година кога престана со работа Топилницата во Велес како главен извор на емисија на кадмиум, од кога трендот е стабилен. Ова може да се забележи и на следниот графикон.

 

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии на Cd во периодот 1990-2020 годинаCSI 063 Cd_Emisii_2022_piti_MK_g1

 

Уделот на одделните NFRкатегорииво вкупните емисии на Cd за 2020 година е прикажан на Графикон 2.

 

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на Cd по NFR категории во 2020 годинаCSI 063 Cd_Emisii_2022_piti_MK_g2

 

Дистрибуцијата на извори во 2020 е поинаква со онаа во периодот 1990-2004 година. За да се направи преглед на уделите по категории во целокупниот период од каде може да се забелeжи и промената на доминантните извори во вкупните национални емисии на оваа загадувачка супстанца, даден е следниот графички приказ.

 

Графикон 3. Eмисии на Cd по NFR категории на годишно ниво во периодот 1990-2020 годинаCSI 063 Cd_Emisii_2022_piti_MK_g3

 

NFR категоријата 2 – Индустриски процеси во вкупните емисии на Cd во 1990 година учествуваше со 79%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 11%. Големиот удел на оваа категорија се до 2004 година се забележува и на графичкиот приказ. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 98% (заради неработењето на Топилницата во Велес) , додека во однос на 2019 година се намалени за 25%.

NFR категоријата 1.А.4 – Други сектори (домаќинства, комерцијални и административни капацитети) во вкупните емисии на Cd во 1990 година учествуваше со 13%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 51%. Оваа категорија добива улога на клучен извор заради значителното намалување на емисиите од NFR категоријата 2 – Индустриски процеси. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 48% (намалена количина на потрошувачка на дрва за согорување во домаќинствата и административните објекти), додека во однос на 2019 година се незначително зголемени за 2%.

NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија во вкупните емисии на Cd во 1990 година учествуваше со 7%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 25%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 53%, додека во однос на 2019 година се намалени за 23%.

Останатите NFR категории се помали или незначителни извори на емисии на Cd.

Во однос на исполнување на барањата од зацртаните цели согласно националните и меѓународните документи може да се заклучи следното:

Во однос на Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за тешки метали, според кој емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) треба да не ги надминуваат емисиите во базната година (која за нашата земја е 1990 година), нашата земја е во согласност со овој протокол во однос на пресметаните емисии на кадмиум (Cd) за 2020 година.

Опфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите нации. Податоците се достапни по земја на следната веб страна : https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на оваа загадувачка супстанца кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето).

Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките со исклучок на енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори или примена на податоците од извршените мерења за период 2008-2020 година за оваа загадувачка супстанца за NFR категоријата 1.А.1.а, кој се однесува за постројки за производство на електрична и топлинска енергија.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на кадмиум (Cd) зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
  • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на Cd, во тони на година, за период 1990 – (n-2), каде n е тековната година.
  1. Протокол кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот за тешки метали
  • националните вкупни емисии на Cd во (n-2) година (n е тековната година) не треба да ги надминуваат вкупните емисии пресметани за 1990 година (која е земена како базна година)
Обврска за известување
  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Домаќинства, Отпад, Енергија,Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 063 – 2 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисии на тешки метали -кадмиум (Cd) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот за период 1990-2018 година
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 27.07.2022
Тип Б Подготвено/ажурирано од: Павле Малков
Александра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: p.malkov@moepp.gov.mk
A.Krsteska@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 063-2Емисија на тешки метали – кадмиум (Cd) EEA – Европска агенција за животна средина IND-171/AIR 001
Heavy metal emissions
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A1/7 Emissions of pollutants into the atmospheric air
Каталог на индикатори за животна средина 38 Heavy metal emissions (EEA_ APE005)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
15.11.2022