МК НИ 050-1 Емисија на основни загадувачки супстанци- SОx – сулфурни оксиди

12
МК НИ 050-1
Емисија на основни загадувачки супстанци- SОx – сулфурни оксиди
Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на сулфурните оксиди изразени како сулфур диоксид.

Единици
  • kt/година (килотони на година)
Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на сулфурните оксиди изразени како сулфур диоксид во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на SOx изнесуваа 112.2 kt. Во 2020 година емисиите изнесуваат 93.41 kt и се зголемени за 4.9%, споредено со 1990 година, и се намалени за 17% во однос на 1990 година. Во однос на 2019 година емисиите на оваа загадувачка супстанца се намалени за 18%.

Воведувањето на процесот на десулфуризација во РЕК Битола, како инсталација со најголем удел во вкупните емисии на сулфурни оксиди, претставува клучниот услов за намалување на емисиите на овие загадувачки супстанции.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на сулфурни оксиди?

Најголемиот дел од вкупните национални емисии на SOx потекнуваат од NFRкатегоријатаПроизводство на енергија со удел од 95%.

Од останатите NFRкатегории4% од вкупните национални емисии на SOx потекнуваат од категоријата 1.А.2 – Согорување во производните индустрии и градежништво.

Останатите NFRкатегориисе мали извори на емисии на SOx.

Оценка

Вкупни национални емисии на SOx има во 2020 година и тие изнесуваат 93.41kt. Во однос на 2019 годинакога вкупните емисии изнесуваа 114.65 kt, емисиите на сулфурни оксиди се намалени за 18.5% зарада намалената потрошувачка на јаглен во РЕК Битола. На следниот графикон е прикажан тренд на овие загадувачки супстанци во периодот 1990-2020 година.

 

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии на сулфурни оксиди изразени како сулфур диоксид во периодот 1990-2020 годинаCSI 050 SOx_Emisii_2022_MK_g1

 

На графиконот бр.3 пак прикажен е трендот по NFR категории за целиот период 1990-2020.

 

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на SOx по NFR категории во 2020 годинаCSI 050 SOx_Emisii_2022_MK_g2

 

 

На графиконот бр.3 пак прикажен е трендот по NFR категории за целиот период 1990-2019.

 

Графикон 3. Eмисии на сулфурни оксиди изразени како SO2 по NFR категории на годишно ниво во периодот 1990-2020 годинаCSI 050 SOx_Emisii_2022_MK_g3

 

Емисиите на SOx во целиот период 1990-2020 година доаѓаат главно од NFR категоријата 1.А.1- Производство на енергија каде влегуваат двете термоелектрани РЕК Битола и РЕК Осломеј, со забелешка дека во последните неколку години емисиите на сулфурни оксиди во најголем дел доаѓаат од термоелектраната РЕК Битола со посебен акцент на мошне високите емисии во 2019 година, потоа топланите за производство на топлинска енергија кои во периодот 1990-2013 год. работеа на мазут (во одредени периоди и делумно на гас), работата на ТЕЦ Неготино во одредени години и рафинеријата за нафта ОКТА Скопје која работеше со полн капацитет до 2011 год., во наредните две години со намален капацитет, а од 2014 година воопшто не работи.

NFR категоријата 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво учествува со далеку помал удел во вкупните национални емисии на сулфурни оксиди, додека останатите NFR категории се незначителни извори на емисии на SOx.

Уделот на NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија во вкупните емисии на сулфурни оксиди во 1990 година изнесуваше 92%, додека уделот во 2020 година, изнесува 95%. Во однос на 1990 година вкупните емисии на SОx од оваа категорија се намалени за 17%, додека во однос на 2019 година се намалени за 18.52%.

Најголем удел во овие емисии за целиот период 1990-2020 година од оваа NFR категорија има термоелектраната РЕК Битола и генерално трендот на вкупните емисии на SOx го следи трендот на емисиите од оваа инсталација. Падот на емисиите во 1991 година во однос на 1990 година како и флуктуациите (зголемувања и намалувања) со текот на годините главно доаѓаат од РЕК Битола и делумно РЕК Осломеј, односно заради количеството на јаглен кое се согорува т.е вкупната влезна топлотна моќ на горивото изразена во TJ. Исклучок е 2019 година каде се забележува двојно зголемување на емисиите на SОx во однос на претходната 2018 година, а дури и зголемување на емисиите во однос на 1990 година од 4.9%. Причината за овие резултати според известувањето од РЕК Битола може да се квалитетот на мерењето и содржината на сулфур во јагленот и мазутот кој се согорувале. Во 2018 година во однос на 2019 година пониско е вкупното време на работа на блоковите за околу 16%, пониско е производството на електрична енергија за 19.72%, согорено е пониско количество јаглен за 18.38% и мазут за 19.92%. Јагленот што согорувал во 2018 година е со долна топлотна моќ од 1609 kcal/kg, додека во 2019 година 1566 kcal/kg, следствено на тоа поголема е потрошувачката на јаглен за единица добиена енергија со што продукцијата на отпадни гасови е поголема. Во 2020 година има значително намалување на емисиите од 18.5% во однос на 2019 година.

Во периодот 1990-1999 година постои еден речиси континуиран тренд на емисии на SОx, кои потекнуваат од употребата на мазут како гориво. Почнувајќи од 2008 година како резултат на гасификацијата на топланите и неработењето на ТЕЦ Неготино и Рафинеријата за нафта, ОКТА емисиите на сулфурни оксиди од согорување на мазут се значително намалени и тие потекнуваат главно од употребата на ова гориво во РЕК Битола и РЕК Осломеј, а во последните неколку години заради редуцираната работа на РЕК Осломеј главно од РЕК Битола.

Во однос пак на постигнатите цели во 2020 година, емисиите на SOx се под националната граница-плафон дефинирана во Гетеборшкиот протокол и Правилникот за национални граници-плафони.

На следниот графикон е дадена споредба на националните емисии на SOx во период 2018-2020година со горната граница-плафон за 2010 година.

 

Графикон 4. Споредба  на националните емисии на SOx во период 2018-2020 година со горната граница-плафон за 2010 годинаCSI 050 SOx_Emisii_2022_MK_g4

 

Може да се забележи дека националната граница-плафон за SOx од 110 kt не е надмината во 2020 година.

Според прикажаните годишни пресметани емисии Република Северна Македонија е во согласност со Гетеборшкиот протокол во однос на оваа загадувачка супстанца за 2020 година.

Во однос на Протоколот за намалување на емисиите на сулфурни оксиди или на нивното прекугранично пренесување најмалку за 30 проценти според кој националните емисии на сулфурни оксиди изразени како сулфур диоксид треба да се редуцираат за 30% сметајќи од 1980 година бидејќи емисиите за да се постигне оваа цел треба да изнесуваат 47 kt или помалку, оваа цел не е постигната во 2020 година, а според Протоколот во врска со понатамошното намалување на емисиите на сулфурни оксиди, според кој емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) не треба да ги надминуваат емисиите во 1990 година земјата е во согласност со истиот.

Вкупниот плафон за SOx за 2020 изнесува 15.855 kt согласно Националниот план за намалување на емисиите (NERP) за големи согорувачки постројки, што значи дека во однос на истиот вредноста на емисиите на сулфурни оксиди, кои произлегуваат од големите согорувачки постојки е надмината.

Имајќи предвид дека главен извор во вкупните национални емисии за SOx е NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија, а во рамките на оваа категорија инсталацијата РЕК Битола, за да се постигнат поставените цели за вкупни емисии на сулфурни оксиди потребно е да се редуцираат емисиите на SOx од оваа инсталација. За таа цел во тек е процес на издавање на А-дозвола за усогласување со оперативен план од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за РЕК Битола во која ќе бидат дадени активности за намалување на емисиите на сулфур диоксид преку процес на десулфуризација, како и изнаоѓање на финансиски средства за истото.

Опфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите нации. Податоците се достапни по земја на следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на оваа загадувачка супстанца кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето) во февруари 2022 година.

Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките, со исклучок на  енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори или примена на податоците од извршените мерења за период 2008-2019 година за оваа загадувачка супстанца за  NFR категоријата 1А1а која се однесува на постројки за производство на електрична и топлинска енергија.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатство за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на сулфурни оксиди зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
    • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатство за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на сулфурни оксиди, изразени како SO2, во килотони на година по принципот n-2, каде n е тековната година.
  2. Директива 2001/81/ЕC, Гетеборшки протокол и Правилник за количините на горните граници-плафоните на емисиите на загадувачките супстанции со цел утврдување на проекции за одреден временски период кои се однесуваат на намалувањето на количините на емисиите на загадувачките супстанции на годишно ниво
    • национална граница – плафон за емисиите на сулфурни оксиди изразени како сулфур диоксид од 110 килотони
  3. Протокол за намалување на емисиите на сулфурни оксиди или на нивното прекугранично пренесување
    • најмалку за 30 проценти според кој националните емисии на сулфурни оксиди изразени како сулфур диоксид треба да се редуцираат за 30% сметајќи од 1980 година
  4. Протоколот во врска со понатамошното намалување на емисиите на сулфурни оксиди
    • емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) не треба да ги надминуваат емисиите во 1990 година.
  5. Согласно Националниот план за намалување на емисиите (NERP) вкупниот плафон за SOxе:
    • 15855 тони за 2018-2023 година.
    • 12634 тони за 2024 година.
    • 9412 тони за 2025 година.
    • 6191 тони за 2026 година.
    • 6191 тони за 2027 година.
Обврска за известување
  • Обврските за известување се на годишно ниво кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP) и Протоколите кои се однесуваат на сулфурните оксиди кон неа, како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
  • Обврска за известување до Енергетската Заедница согласно наведени национални плафони за SOx за период 2018-2027 година дадени во Националниот план за намалување на емисиите од големи согорувачки постројки.
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Енергија, Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 050 – 1 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисија на основни загадувачки супстанци – сулфурни оксиди (SOx) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот, 1990-2018 година
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 28.07.2022
Тип Б Подготвено/ажурирано од: Павле Малков
Александра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
p.malkov@moepp.gov.mk
a.krsteska@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 050-1 Емисија на основни загадувачки супстанци – сулфурни оксиди (SOx) EEA – Европска агенција за животна средина IND-366/CSI 040, AIR 005Emissions of the main air pollutants in Europe
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A1/1 – Emissions of pollutants into the atmospheric air
Каталог на индикатори за животна средина 32 – Emissions of the main air pollutants in Europe (EEA_CSI040/APE010)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не