Зајакнување на управувањето со животната средина - CARDS 2004

Управувањето со животната средина преку имплементација на активности од повеќе компоненти
Министерство за животна средина и просторно планирање
Главни цели на проектот

КАРДС програма за 2004 “Зајакнување со управувањето со животната средина
 

Проектните  задачи се однесуваат на зајакнување со управувањето со животната средина преку имплементација на активности од повеќе компоненти како М3 компонента – подготовка на законски и подзаконски акти, институционални аспекти – воведување на IPPC систем, комплетирање на гајдланси и процедури за ЕИА, Прелиминарна проценка и воспоставување на зони и агломерации, Информациски систем за животна средина како М6 компонента

Проектни компоненти-резултати

Компонента М3: Изработка на прелиминарна оценка на квалитетот на воздухот на територијата на целата држава и воспоставување на зони и агломерации за квалитет на воздух согласно рамковната директива за воздух 96/62/ЕЦ

Одговорен за компонентата: Виларова Маријонка – Координатор на Работната група на М3 компонентата од проектот.

Целта на компонентата е да се изработи прелиминарна оценка на квалитетот на воздухот од серија постоечки мерења за повеќе години за основните загадувачки супстанции на целата територија на државата. Оценката и обработката на податоците се врши согласно релевантните директиви за воздух 99/30/ЕЦ, 2002/3/ЕЦ и 2000/69/ЕЦ. Како резултат од прелиминарна оценка ќе се воспостават зони и агломерации за квалитет на воздух од кои ќе се добие сознание како да се пристапи при подготовка на планови и програми за подобрување на квалитетот на воздухот.

Компонента М6: Информациски систем за животна средина (ИСЖС)

Одговорен за компонентата: Маја Граматикова – Координатор на активностите во компонента М6

Компонентата M6 е фокусирана на развојот на Националниот информациски систем за животна средина согласно Стратегијата за управување со податоците за животната средина изготвена во рамките на Проектот “Зајакнување на капацитетот на Министерството за животна средина и просторно планирање” од PHARE99 Програмата.

Во рамките на оваа компонента ќе биде изготвен Каталог на податоци за животната средина кој ќе претставува основа за следниот чекор од развојот на ИСЖС – дизајнирање на интегрирана база на податоци која ќе ги опфаќа податоците од сите медиуми и области од животната средина.

Правна компонента: Изработка на подзаконски акти

Одговорен за компонентата: 

  • Маријонка Виларова – воздух
  • Љупка Димовска- Зајков – вода

Цел на компонентата: Компонентата е фокусирана на изработка на следните подзаконски акти:

 

Вода

  • Идентификација на листа на опасни супстанции и нивни емисиони стандарди
  • Утврдување на состојбата, управувањето и гранични емисиони вредности на испуштање на отпадни води од домаќинствата по третман, земајќи ги во обзир карактеристиките на заштитните зони
  • Утврдување на состојбата, управувањето и барањата  за дизајнирање, конструкција и работа на колекторските системи и објектите за третман на  отпадна вода од домаќинствата, како и техничките стандарди и квалитативни норми за пред третман, одведување и третман на отпадни води, земајќи ги во обзир оптоварувањата и методите за третман на отпади води од домаќинствата што се исфрлаат во водните тела во осетливите области

 

Воздух

  • Правилник за гранични вредности за емисии од стационарни извори
  • Одлука за  воспоставување на зони и агломерации.за квалитет на амбиентниот воздухот  во Р.М
  • Правилник за воведување на CORINAIRметодологија
Датум на започнување
Датум на завршување
Статус на проект
Завршен