ШУКОВА: Иднината е во младите кои се движечка сила на иновациите

Lajme
Министерката Каја Шукова им се обрати на младите учесници на Обуката за развој и финансирање на идеи на млади иноватори
Иднината е во младите кои се движечка сила на иновациите
11.06.2024
Обука за развој и финансирање на идеи на млади иноватори

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова им се обрати на младите учесници на Обуката за развој и финансирање на идеи на млади иноватори, што вчера и денес се одржува во Скопје, а е во организација на Здружението ЛИД и УНИЦЕФ, со финансиска поддршка на Шведска.

 

Иднината е во младите кои се движечка сила на иновациите

 

Во своето излагање, таа со младите иноватори сподели информации за можностите за пристап до финансиски средства за реализација на иновативни идеи и проекти поврзани со циркуларна економија, животната средина и претприемништвото.

Фокус беше на Програма за инвестирање во животната средина што Министерството за животна средина и просторно планирање ја објавува секоја година и начините како младите да аплицираат и да се здобијата со потребните финансии.

 

Иднината е во младите кои се движечка сила на иновациите

 

Министерката Шукова нагласи дека иднината е во младите и ги охрабри да ја следат својата визија и да го збогатуваат своето образование и вештини, бидејќи тие се движечка сила на иновациите.

Содржина 2

Galeria
Submitted by alfa4 on 11.06.2024 - 10:00