GLOBE Настани

GLOBE е светска научна и образовна програма, која ја координира работата на учениците, наставниците и научниците со цел да се проучува и разбере глобалната животна средина.
GLOBE Настани

Настани одржани во Република Македонија

 

2000 – Струга
На 20ти април 2000 година, Амбасадорот на САД во Република Македонија, г-дин Michael Einik и Министерот за животна средина г-дин Тони Поповски, го посетија средното училиште “Нико Нестор” од Струга и свечено му ја доделија престижна GLOBE награда.

2000 – Скопје
По повод денот на “Екологијата”, 21ви Март и денот на Планетата Земјата”, 22-ри Април во рамките на GLOBE програмата организирани се Детски ликовен натпревар на тема “Земјата-наш дом” за 21ви март ден на пролетта, ден на екологијата и Детски литературен натпревар на тема “Земјата-наш дом” за 22-ри април денот на планетата Земја.

Конкурсот беше објавен во сите училишта вклучени во GLOBE програмата, како дел од акцијата за развивање на еколошката свест и дополнување на сликата за животната средина на земјината топка.

На конкурсот се пријавија голем број на ученици со свои ликовни и литературни творби инспирирани од темата ” Земјата-наш дом”.

За најдобрите ликовни и литературни творби поделени се пригодни награди со посебно организирана програма за добитниците на наградените творби на годишниот состанок на наставниците вклучени во програмата GLOBE кој се оддржа на 21.04.2000 година Педагошкиот завод на Македонија.

2001 – Национален ученички истражувачки натпревар
По повод 22-ри април Денот на планетата Земја, Министерството за животна средина и просторно планирање се вклучи во одбележувањето на овој Светскиот Ден кој годинава ја прославува 31 годишнина како и 6 годишнината од отпочнувањето на GLOBE Програмата, која претставува светска научна и образовна Програма која ја координира работата на учениците, наставниците и научниците од целиот свет.

За таа цел, на 23-ти април 2001 година, во просториите на Канцеларијата за комуникација со јавноста во рамките на Македонскиот информативен центар за животна средина при МЖСПП, беше одржан Национален ученички истражувачки натпревар на проектот GLOBE.

На овој натпревар, активно учество земаа ученици од седум од деветте средни и основни училишта вклучени во Програмата. Тие преку истражување и прегледување на податоците, поставување на прашања и развивање на хипотези, како и преку развивање на методологии и анализи, со интерпретација, заклучок и комуникација се натпреваруваа со единствена цел популаризација и унапредување на глобалното учење и набљудување во полза на животната средина.

На натпреварот наградите ги освоија следните училишта:

  • Нико Нестор – прво место 
  • Димитар влахов – второ место
  • Гоце Делчев - Валандовотрето место


2006 - Прилеп

Прослава на роденденот на GLOBE програмата

По само половина година од вклучувањето на СОУ,,Орде Чопела,, во програмата, иницираше прослава на роденденот на GLOBE на 21ви април 2006 година, кој го спои заедно со прославувањето на Денот на Планетата Земја. На сечие големо задоволство овој настан го прославија заедно со училиштето и Министерството за животна средина и просторно планирање на чело со тогашниот министер, Американската амбасада на чело со заменик амбасадорот, Мировниот Корпус на чело со директорката на таа организација, сите GLOBE училишта од цела Македонија, како и сите ученици, наставници и директори на сите основни и средни училишта од регионот.

Високата делегација најпрвин го посети училиштето на кое му донираше 800 садници и  контејнери и го прогласи за зелено еко катче во Македонија. Вториот дел од настанот се одвиваше на плоштад каде што беа излезени сите основци и средношколци. Со пригодна програма низ песна, игра, еколошки игри, маскенбал, цртање на булеварот, еко галерија на отворено итн, се прослави овој значаен датум за чие прославување се се пројави желба  да прерасне во традиција. (има слики)

2007 – Кавадарци
Во ноември голема акција за пошумување во месноста Моклишко Езеро во близина на квадаарци околу 20000 садници од четинарски и лисјарски дрвни видови. Учество земале и учениците од GLOBE програмата.

2008 – Прилеп
10 годишнина од спроведувањето на GLOBE Програмата во Македонија

На ден 22.04.2008 година во Прилеп се одржаа GLOBE Смотри по повод 10 годишнина од спроведувањето на GLOBE Програмата во Македонија.
На присутните им се обратија Државниот секретар г-дин Дејан Пановски при Министрството за животна средина и просторно планирање, г-дин Марјан Ристески, Градоначалник на Прилеп, г-ѓица Славица Петровска, Директор на училиштето домаќин, г-ѓа Светлана Горѓева, Национален координатор на GLOBE Програмата и г-дин Јандре Здравески, првиот GLOBE кум.

На смотрите беа присутни професори и ученици од сите вклучени училишта во програмата. Учениците од сите училишта ја презентираа досегашната работа на училиштата во рамките на GLOBE Програмата. Асистент GLOBE координаторот презентираше Примери на добра пракса во училиштата во Хрватска при имплементација на GLOBE во наставата.

 

Меѓународни настани

 

2000 – Лабин, Хрватска

Во текот на месец јуни 2000 година, учениците и наставниците од трите најактивни GLOBE училишта во Македонија: УСО “Нико Нестор” – Струга, ДСУ ” Гоце Делчев” – Валандово и О.У. “Пере Тошев” – с. Дупјачани, имаа можност да патуваат во Лабин, Хрватска каде присуствуваа на тродневна GLOBE конференција. Македонските учесници таму имаа можност да ги пренесат искуствата во однос на спроведувањето на програмата GLOBE во нашата земја како и да научат како хрватските ученици работат на програмата GLOBE.

2006 – Прилеп – Лабин

На ден 28.09.2006 се оствари првиот чекор од соработката помеѓу средното училиште Мате Блажина од Лабин, Хрватска и средното училиште Орде Чопела од Прилеп. Професорката Наталија Ацеска го посети училиштето каде што ја пречекаа одговорните професорки за GLOBE програмата, Чеда Перко и Мира Хрватин.  Во една релаксирана и пријателска атмосфера се разменија многу искуства, мислења и идеи за понатамошни заеднички активности. Како резултат од таа средба произлезе потпишување на меморандум за соработка во рамките на GLOBE програмата од страна на  директорите на инволвираните училишта. http://globe-hr-mk.blogspot.com/
(има слики)

2007 – Работна посета од Лабин во Прилеп

Во периодот од 03-07.Септември 2007, во училишето СОУ,,Орде Чопела,, беше реализирана работна посета во рамките на GLOBE програмата од средното училиште Мате Блажина од Лабин, Хрватска. Професорките Чеда Перко и Мира Хрватин во придружба на неколку ученици престојуваа во училиштето при што се работеше на најразлични активности согласно GLOBE протоколите. За време на нивниот престој преку заедничките делувања произлегоа значајни идеи за нови идни проекти кои бе се работеле паралелно  на ниво на двете училишта.(има слики)

2008 – Работна посета од Прилеп во Лабин

Во април 2008 година, во рамки на GLOBE програмата училишето СОУ,,Орде Чопела,, оствари посета на средното училиште “Мате Блажина”- Лабин Република Хрватска. Тимот на СОУ “Орде Чопела” се состоеше од 12 ученици, предводени од четворицата професори кои ја спроведуваат GLOBE Програмата и директорката Славица Петровска.
За време на престојот беше одржан час по историја и спорт и спортски активности. Учениците и професорите беа примени од директорот на училиштето и заменикот на градоначалникот на Лабин. Беа посетени стариот дел од Лабин, музеј и други знаменитости.

Во рамки на GLOBE Програмата учениците заеднички работеа на  испитување на вода и почва, и разменија значајни искуства. Одржана беше смотра на двете училишта, од страна на СОУ “Орде Чопела” беше организирана модна ревија  инспирирана од активностите на GLOBE.