Со овој закон се уредува видот на одговорноста на производителите по завршувањето на фазата на консумирање на производите што ги пуштиле на пазарот во Република Северна Македонија и начинот на нејзиното остварување заради собирање, преработка и рециклирање на посебните текови на отпад што ги создале производителите со пуштањето на своите производи на пазар, условите, постапката и начинот на организирање заради остварување на проширената одговорност, условите и начинот на финансирање на мерките заради исполнување на проширената одговорност на производителот, правата и обврските на општините и другите субјекти кои имаат удел во постапувањето со посебните текови на отпад, како и други прашања што се од важност за навремено и целосно остварување на
проширената одговорност на производителите.
Во сила