Зајакнување на капацитетите за ефективнo спроведување на acquis во областа на индустриското загадување

Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективнo спроведување на acquis во областа на индустриското загадување
Министерство за животна средина и просторно планирање
Главни цели на проектот

Општата цел на овој проект е да се заштити здравјето на луѓето и животната средина преку намалување на штетните индустриски емисии во сите медиуми на животната средина (вода, воздух и почва). 

Специфичната цел е дополнително зајакнување на националните и локалните административни капацитети во областа на индустриското загадување преку подобрување на интегрираните еколошки дозволи, кои треба да содржат услови поставени во согласност со принципите и одредбите на Директивата за индустриски емисии (ДИЕ) и заклучоци на Најдобрите достапни техники(БАТ).

Проектни компоненти-резултати

Компонента 1 – Усогласена законска рамка
Задолжителен резултат 1.1: Проценка на разликите во степенот на усогласеност на постојното примарно и секундарно законодавство, со договорени и имплементирани соодветни точки за акција
Задолжителен резултат 1.2: Нацрт-изменетиот Закон за контрола на индустриските емисии, нацрт-новите подзаконски акти и измените на постојните подзаконски акти, подготвени во согласност со проценката на разликите, (доколку се смета дека е потребно).

Компонента 2 – Подобрена процедура за ОВЖС за активностите на ИЕД
Задолжителен резултат 2.1: Подобрен процес на оцена на влијанието во рамките на постапката за ОВЖС за секторите кои спаѓаат во ИЕД
Задолжителен резултат 2.2: Зајакнати административните капацитети за процедурата за ОВЖС за секторите кои спаѓаат во ИЕД

Компонента 3 – Подобрен процес на издавање дозволи за ИСКЗ
Задолжителен резултат 3.1: Подобрен процес на издавање дозволи и поставки на ЕГВво интегрираните еколошки дозволи
Задолжителен резултат 3.2: Зајакнати капацитети на издавачите на дозволи и на централно и на локално ниво
Задолжителен резултат 3.3: Подигната свест кај релевантните засегнати страни, вклучително и индустриските оператори, невладините организации и граѓаните, во врска со индустриското загадување.

Тип на проект
Tвининг договор
Вредност на проектот
1.000.000 eur
Датум на започнување
Датум на завршување
Статус на проект
Тековен
Корисници на проектот
Центар за меѓународно и европско економско право (ЦМЕЕП) – Република Грција
Краен корисник
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за финансии
Државен инспекторат за животна средина
Заедница на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС)
Стопанска комора
Iндустрии, невладини организации
Сектор одговорен за спроведување
Сектор за индустриско загадување и управување со ризик
Галерија
твининг проект