EXIM - Упатства

EXIM
Упатства
Упатства на едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки

*Во случај на технички проблем или прекин во функционирањето на системот, обработката на податоците од барањата се врши со примена на документи во хартиена форма како алтернатива.

Упатсво за начин на плаќање на други надоместоци за одредени видови на стоки кои се увезуваат и извезуваат под ознака Д4 опфатени во EXIM

- Ова  упатство  се  однесува  само  на  давачките  дефинирани  како  други  надоместоци, согласно закон.

1. Правен основ  Закон за животна средина:  член 167 став 1 и 2, член 164 став 5 и 179 став 1, 2, 4, 5 и 8 од  Законот  за  животна  средина  (“Службен  Весник  на  РМ”  бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16) и Упатство за начинот на евидентирање и распределување на јавните приходи (Службен Весник на РМ број 114/09, 153/09, 43/10, 185/11 и 186/14)

Уплатите  за  другите  надоместоци  се  извршуваат  после  подигнувањето  на  решението  за  плаќање  надоместок  исклучиво  на  соодветна  сметка  во  рамките  на трезорската  сметка  согласно член 167 став 1 и 2, член 164 став 5 и 179 став 1,2,4,5 и 8 од Законот за животна  средина (“Службен  Весник  на  РМ”  бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16) и  Упатство  за  начинот  на  евидентирање  и  распределување  на  јавните  приходи  (Службен Весник на РМ број 114/09; 153/09; 43/10; 185/11 и 186/14).

 

2. Начин на пополнување на налогот за јавни приходи образецот ПП 50 при  плаќање на другите надоместоци

По  подигнувањето  на  решението  за  плаќање  надоместок  донесено  од  Министерот  за  животна средина и просторно планирање, налогот за јавни приходи образецот ПП 50  за  уплата на надоместоците се пополнува на следниот начин:

  • Во рубриката: ‐ ПОВИКУВАЊЕ НА БРОЈ – ЗАДОЛЖУВАЊЕ: ЗАДОЛЖИТЕЛНО  се  пополнува  единствениот референтен  број  под  кој  се  регистрира барањето во едношалтерскиот систем EXIM, кој се добива автоматски од системот.
  • Во рубриката: ‐ ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: ЗАДОЛЖИТЕЛНО се пополнува ”За уплата по решение за плаќање надоместок за увоз бр. (број на решението)”.
  • Во рубриката: ‐ ИЗНОС: ЗАДОЛЖИТЕЛНО  се  пополнува  вкупниот  износ  на  уплатата  по  основ  на  издавање  решение за плаќање надоместок. Примерок на начинот на поплнување на налогот за јавни приходи образецот ПП 50 при уплата по решение за плаќање надоместок за увоз

 

3. Начин на пополнување на другите податоци во налогот за јавни приходи  образецот ПП 50:

  • НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ:  ТРЕЗОР НА РМ 
  • БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НАРОДНА БАНКА НА РМ
  • СМЕТКА: единствена трезорска сметка 100000000063095
  • УПЛАТНА СМЕТКА: 840 XXX 06595 (xxx се внесува ознаката на општината согласно списокот објавен со Упатството за начинот на евидентирање, распоредување и поврат на јавните приходи)
  • ПРИХОДНА ШИФРА: 718118

*Уплатата нема да се процесира ако странката не достави доказ за извршената уплата оргинал од налогот за јавни приходи Образецот ПП 50 во МЖСПП.